Македонија ќе оди на Евровизија 2027 во Бугарија - по 4 години пауза, ќе имаме наш претставник
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
МРТ, наводно, планира да воведе национален избор, наместо интерен избор, каква што беше праксата во последните неколку години кога учествувавме.

Македонија следната година ќе се врати на Евровизија и по 4 години пауза ќе имаме наш претставник на најголемото музичко натпреварување во Европа.
Откако годинава, Бугарија се врати и победи на Евровизија во Виена, догодина постои можност и земјава повторно да се натпреварува.
Ова го соопштил директорот на MРT, Зоран Ристоски, на јавна седница на Програмскиот совет.
Македонската телевизија наводно веќе одржала состаноци со ЕBU (Европски радиодифузен сојуз) околу враќањето и учеството на Евровизија, па се разгледува можноста за финансиски поповолен пакет од EBU за нашата земја за да се овозможи нејзиното враќање на натпреварувањето.
МРТ наводно планира и да воведе национален избор, наместо интерен избор, каква што беше праксата во последните неколку години кога учествувавме.

За потсетување, последното учество на Македонија на Евровизија беше во 2022 година со Circles која ја пееше Андреа Коевска.
Прв наш претставник, пак, е Владо Јаневски со „Не зори зоро“.
Најдобар резултат и понатаму е 7-то место на Тамара Тодевска со песната Proud во 2019, пишува WiWiBloggs, еден од најпопуларните и најрелевантни евровизиски сајтови.
А. Ј. | Црнобело