Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Концерт на Здравко Чолиќ во Охрид

koncert-na-zdravko-colikj-vo-ohrid

Најголемата музичка ѕвезда на Балканот, миленикот на женските срца кој со секое свое појавување на сцената буди посебни емоции кај публиката, Здравко Чолиќ, на 1-ви август оваа година  повторно ќе ја разбранува македонската јавност со ново музичко збиднување на стадионот Билјанини Извори во Охрид.

Концертот кој што е во организација на компанијата Орфеј ќе биде најголем музички спектакл во Македонија за оваа година.

- Настапот на Чолиќ на сцената на Билјанини Извори во Охрид на 1-ви август ќе биде единствениот негов спектакуларен концерт во Македонија за оваа година на кој присутните ќе уживаат во неколкучасовно незаборавно музичко доживување со хитовите на најголемата ѕвезда на овие простори - изјавуваат организаторите на концертот.

Eвергрините кои ги знаат сите генерации „Ти си ми у крви“ „Продужи даље“ „Маџарица“ „Пусти моду“ „Звао сам је Емили“ ќе бидат само дел од репертоарот на Здравко на 1-ви август. Влезниците за ова музичко дружење со легендарниот пејач од денеска се пуштени во продажба, а нивната цена се движи од 600 денари за на терен, 1200 за фан пит и 3000 денари за ВИП влезница. Истите можат да се набават во туристичката агенција Орфеј и во Тобако Тугедер салоните низ Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg