Големиот Steve Aoki за цела Македонија - влез бесплатен!

Прославата по повод 35 години независност на Македонија започнува на Илинден, со отворен настан на 2 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола!

golemiot-steve-aoki-za-cela-makedonija-vlez-besplaten-01.jpg

Влегуваме во месец август, месец во кој започнува одбележувањето на 35 години независност на Македонија.

Бидејќи завршната манифестација е на 8 Септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник - Илинден со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI!

Затоа, влезот за настапот на Steve Aoki на 2 август - Илинден во Битола ќе биде БЕСПЛАТЕН!

А, за комплетно целовечерно музичко доживување, на Steve Aoki ќе му се придружат и нашите CYRILLIC, TASEV, MONARCH и FACE!

За 2 август каде и да си - во Битола да си!

Официјално започнува прославата на 35 години независност на Македонија, и тоа во голем стил!

Најчитани неделава