Истакнати музичари во бендот на ДНК

Квалитетни и истакнати музичари кои веќе ја имаат докажано својата уметничка вредност, наредната сабота ќе застанат позади момците од ДНК и ќе ги придружуваат во акустичната изведба на најголемите хитови на Р&Б дуото кое непрестано работи изненадувајќи ја својата публика со големи настани каков што и ќе биде концертот на 29-ти септември.

istaknati-muzicari-vo-bendot-na-dnk-1

Влатко Георгиев на клавијатури, Танче Гроздановски и Зоран Костадиновски – гитари, Никола Бочваров - бас гитара, Сашо Стојановски – тапани, Арсо Јаневски – перкусии и Горан Папазоски- Папаз на саксофон го сочинуваат бендот кој заедно со придружните вокали Ана Костадиновска, Сара Николовска и Маја Саздановска ќе и овозможат на публиката во Универзалната Сала во една поинаква димензија, придружувајќи ги ДНК, да ги доживеат Полна Месечина, Навлечен на Тебе, Таа тоа го крие, Благодарам однапред, Од утро до мрак, Авион, Опасна си, Дада итн.

- Веќе неколку недели секојдневно имаме тонски проби со нашиот проширен бенд и навистина сме презадоволни од тоа како звучи секоја од песните. Овој концерт ќе биде многу поразличен од минатогодишниот, песните имаат многу поголема тежина со оглед на тоа што се изведуваат акустично и сигурни сме дека публиката во Универзална Сала ќе ужива во секој момент исполнет со искрени емоции од нас – изјавуваат Панчо и Андреј.

istaknati-muzicari-vo-bendot-na-dnk-2

Билетите за претстојниот концерт кој ќе се одржи под слоганот „Да го вратиме сјајот на Скопје, НЕ за турбо фолкот“ можете да ги набавите во Југотон, цвеќарница Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Матица, Офис Плус, Тобако Тугедер салоните и на касата на Универзална сала по цена од 200 денари, а за оние кои сакаат од вип ложа да го доживеат овој настан цената е 400 денари.

Организатор на концертот е План Б Продукција.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg