Македонија го одбележува денот на Социјалните медиуми

На 30 јуни, недела, Македонија по втор пат ќе се вклучи во глобалното одбележување на денот на Социјалните Медиуми. Над 100 професионалци, ентизијасти и „зависници” на сервиси како Facebook, Twitter, Instagram, Pinterest и други ќе се соберат на Велешкото езеро со цел да разменат искуство, да се дружат и да го одбележат денот кој 4та година по ред се одбележува низ целиот свет.

makedonija-go-odbelezuva-denot-na-socijalnite-mediumi-01

Social Media Day е настан инициран од најпознатиот блог кој следи интернет култура, Mashable и се организира на сите континенти во повеќе од 200 градови. Во Македонија настанот го организраат интернет маркетинг агенцијата NewMediaMK и блог агрегаторот Blogirame.mk.

Официјалниот дел од програмата започнува по 12 часот во Мотелот на Велешкото Езеро, настанот е отворен и може да присутвува секој. Локацијата и самата програма ја дефинираа самите учесници. Во недела ќе може да се слушнат презентации на различни теми сите поврзани со Социјалните медиуми, на еден или друг начин. Ќе слушнеме за Solaborate, социјална мрежа за ИТ професионалци, за тоа како се користат социјални медиуми за мобилизација на волонтери за зачувување на животна средина, за ефективна употреба на Pinterest, за точката на пресврт кај социјалните медиуми, за најпопуларните твитови во Македонија и многу други теми. Како и минатата година, така и оваа настанот е поддржан од ЏаБест.

Пријатно е искуството кога запознавате во живо луѓе со кои си се запознале на интернет, тоа ја продлабочува и подобрува онлајн комуникацијата. Затоа повелете на Social Media Day и ставете вистинска насмевка на аватарите кои ги следите секој ден!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg