Тони Китановски Трио и изложба на фотографии од Жига Коритник како загревање за претстојниот Skopje Jazz Festival
Во пресрет на 32-то издание на Скопскиот џез фестивал, арт-кафето „Концепт 37“, вечерва, со почеток во 21:30 часот подготвува ретроспективна изложба на фотографии од фестивалот потпишани од словенечкиот фотограф Жига Коритник.
Како музичка подлога на оваа изложба ќе биде и ексклузивниот настап во живо на Тони Китановски Трио.
Почетокот на Скопскиот џез фестивал годинава е закажан за 17 октомври и ќе трае се до 21-ви октомври.
Целосната програма можете да ја погледнете тука.
-->
-->
-->