Најбрзиот интернет од T-Home достапен за секого

Македонски Телеком објави дека од денес најбрзиот интернет од T-Home е достапен за сите вкусови и потреби на корисниците. Со воведувањето на новите пакети Интернет по потреба и интернет страницата за активација, како и воведувањето на услугите Optic Giga и Интернет промо, сега секој корисник може да ја најде најповолната понуда за себе во портфолиото на Македонски Телеком.

najbrziot-internet-od-t-home-dostapen-za-sekogo-01

За оние корисници кои имаат потреба од интернет, но не им треба во текот на целиот месец, T-Home нуди Интернет по потреба. Услугата се активира веднаш, без инсталација на дополнителна опрема и без склучување на договор. Ова е прва услуга од овој вид, со која корисник кој нема интернет пристап може дома да се поврзе на широкопојасен интернет буквално веднаш кога ќе му затреба, без инсталација на дополнителна опрема и без склучување договор, а плаќа само за деновите во кои му треба.

Отсега и секој што е корисник на T-Home а нема интернет, ќе може да ги активира новите пакети Интернет по потреба преку интернет страната за активација. На истата страна корисниците ќе можат да ја прегледаат или платат сметкта, да закажат снимање на MaxTV, и да дополнат кредит на мобилен телефон.

Со новата услуга Optic Giga, корисниците за прв пат добиваат интернет брзина до 1 гигабит во секунда. Со оваа услуга, преземањето на податоци од интернет е до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок. На пример, наместо за дваесет минути, како до сега, видео содржина може да се преземе за помалку од една минута.

Со услугата Optic Giga, Македонија станува прва земја во регионот и една од малкуте земји во светот кои имаат 1 гигабит во секунда интернет брзина за приватни корисници. T-Home ја обезбедува услугата Optic Giga преку новата мрежа базирана на оптика до домот, во која досега се инвестирани над 25 милиони евра. По повод промоцијата на Optic Giga, T-Home ги наградува десетте најлојални Optic корисници со бесплатни Optic Giga пакети во траење од шест месеци. Во исто време, со новата понуда, секој ќе може да ја проба Optic Giga услугата два месеца без доплата.

najbrziot-internet-od-t-home-dostapen-za-sekogo-02

Од денес стартува и Интернет промо - промоција на 2 месеци бесплатен интернет, со која интернет пристапот станува достапен за секој корисник. Со активација на Интернет промо, корисниците добиваат два месеци бесплатен интернет пристап, без склучување договор и без никакви обврски.

По истекот на промотивниот периодот, доколку се задоволни од услугата, можат да се претплатат на некој од редовните пакети кој најмногу одговара на нивните потреби, а доколку одлучат да не ја користат понатаму, ќе биде деактивирана автоматски, без никаков надомест. Услугата се активира бесплатно на 122 или во која било Телеком продавница и важи за приватни и деловни корисници.

„Најбрзиот и најстабилниот интернет во Македонија од T-Home е веќе достапен за сите вкусови и потреби на корисниците. Од интернет со најголеми брзини не само во регионот туку и во светски рамки, до бесплатен интернет или интернет по избор на корисникот, веќе нема корисник кој не може да го најде својот пакет. Сето ова е резултат на вложувањето во новите технологии, како што е оптика до домот, миграцијата на класичната телефонија во all-IP и стратегијата на Македонски Телеком да овозможи портфолио кое ќе ги опфати различните барања на сите корисници. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а ние ќе продолжиме да им го овозможуваме најдоброто за нивните пари“ – изјави Димитар Ковачевски, директор за комуникации во Македонски Телеком.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg