Песноден – прв детски мјузикл од авторската екипа на 5+ Фамилија

Вчеравечер во Cineplexx премиерно беше прикажан првиот детски мјузикл „Песноден“,  реализиран во Македонија, од авторската екипа на 5+ Фамилија.

pesnoden-prv-detski-mjuzikl-od-avtorskata-ekipa-na-5-familija-01.jpg

„Песноден е музичка приказна раскажана низ стихови во која се зборува за еден празник - денот на песната, измислен од децата и станарите во стокатницата,  а инспириран од нивната потреба да пеат, играат и да се радуваат.

Toa e забавно-едукативна приказна посветена на детските игри, компромисот, и сложното другарување. Уживавме во креативниот процес на продукција и многу сум радосна што наскоро децата ќе ги слушнат новите песни и ќе ги пеат“– вели режисерката и сценаристка Сандра Ѓоргиева. 

Идејата и концептот се на продуцентот Пеце Талески, а музички продуцент е Мите Димовски, студио „Тра-ла-ла“. Актерската екипа ѝ е добро позната на детската публика, тоа се нивните омилени: Лина, Петко, Комшо, Марија, Комшито, дедо Менде и тетка Душка, но и нови ликови и нови станари кои се дел од новата сезона на 5+ Фамилија.

Песноден ќе се прикажува и на редовниот репертоар во Кино Милениум во Скопје од 25.11.2019, а собраните средства од продажбата на билети ќе бидат насочени во хуманитарни цели, односно во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби „Сонуваме – менуваме“.

По својата скопска премиера на 13 ноември, Песноден ќе се прикажува и во градовите ширум Македонија, а веќе премиерно е закажана проекција и во Центарот за култура во Битола на 18.11.2019.

ОХО и Центарот за култура во Битола информираат дека собраните средства од продажбата на билети ќе бидат донирани во започнатиот проект за реновирање на училиштето „Д-р Трифун Пановски“, подрачна единица село Трново.

Од продукцијата дополнително информираат дека новата сезона од детскиот ТВ серијал 5+ Фамилија ќе почне со емитување на 18 ноември на првиот канал на МРТ, а на албански јазик на вториот канал на МРТ.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg