Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото) - Results from #1


Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото)

5. Легендарниот Раде Шербеџија ја доби Интернационалната награда за животно дело која му ја додели Игор Џамбазов, а потоа во придружба на Влатко Стефановски ја отпеа „Остала си увек иста“, велејќи дека ќе ја отпее за душа на нашиот Тоше Проески, а дури прошета и низ публиката.

najdobri-momenti-od-zlatna-bubamara-2020-06.jpgФото: Фејсбук

najdobri-momenti-od-zlatna-bubamara-2020-07.jpgФото: Фејсбук

6. На Златна Бубамара го доживеавме оскаровскиот момент кој сите со нетрпение го очекуваа – тимот на Медена земја, заедно со Атиџе, Љутвие и нејзините деца, доби неколкуминутен громогласен аплауз од публиката која стана на нозе. Миланка Рашиќ им ја додели наградата за Интернационален успех, а Атиџе за публиката ги отпеа нејзините две песни.

najdobri-momenti-od-zlatna-bubamara-2020-3.jpg

7. Уште еден момент за гордеење на Златна Бубамара беа ракометарите на Вардар. На сцената се појавија коментаторите на Спорт Арена, Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ кои го оставија гласот за нашите ракометари на Лигата на шампионите. Додека во салата ечеше „Ја излези Ѓурѓо“ во изведба на Некстајм, публиката со громогласен аплауз ги поздрави и ракометарите кои добија Златна Бубамара за спортски успех на годината.

Ja izlezi Gjurgjo live

Ja izlezi Gjurgjo (Zlatna Bubamara 2020)

Posted by Next Time on Saturday, February 29, 2020

8. Очекувано и заслужено, Преспавци ја добија наградата за најпопуларна ТВ серија, а екипата излезе на сцена и ја забавуваше публиката со кореографија на новата нумера „Цел век го преспав“.

najdobri-momenti-od-zlatna-bubamara-2020-12.jpgФото: Фејсбук

najdobri-momenti-od-zlatna-bubamara-2020-13.jpgФото: Фејсбук

9. Лозано имаше спектакуларен настап со неколку најголеми хитови, откако ја освои наградата Пеач на годината. 

Opasno sum vljuben vo tebe (Buba Mara 2020)

#OpasnoSumVljubenVoTebe ft. @alexandrailieva 🎷🐞🎶 . Дел од настапот на Zlatna Bubamara Na Popularnosta . 📸 video by: Martin Bleki

Posted by Lozano - Vlatko Lozanoski on Saturday, February 29, 2020

https://youtu.be/KFYdQAAaA04

 М. М. | Црнобело



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg