Марјана Станојковска - најгламурозен фустан, Марија Eye Cue - најдлабоко деколте на Макфест 2020 (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марјана Станојковска - најгламурозен фустан, Марија Eye Cue - најдлабоко деколте на Макфест 2020 (фото)

Кој блесна на сцената на Макфест 2020? 35-тото јубилејно издание на Макфест од моден аспект - кои беа највпечатливо облечени?

marjana-stanojkovska-najglamurozen-fustan-marija-eye-cue-najdlaboko-dekolte-na-makfest-2020-foto-01.jpg

Марјана Станојковска ја видовме во улога на водителка на овогодинешното 35то јубилејно издание на Макфест.

На ревијалната вечер се појави во светкав долг фустан во стилот на гламурот од стариот Холивуд.

https://www.instagram.com/p/CFUXDJoJJ6K/

На натпреварувачката вечер пак, облече раскошна црна креација.

https://www.instagram.com/p/CFXjG7CptMB/

Впечатлив стајлинг имаше и Марија од Eye Cue која во сината креација дефинитивно го имаше најдлабокото деколте на Макфест 2020.

https://www.instagram.com/p/CFXltRTMUKO/

Покрај Марија и Марјана, помеѓу најдобрите модни изданија ја истакнуваме и Полина Тасева, која заблеска во црвена, свечена тоалета, а дебитираше на Макфест и ја освои наградата за најдобар дебитант.

marjana-stanojkovska-najglamurozen-fustan-marija-eye-cue-najdlaboko-dekolte-na-makfest-2020-foto-.jpg

На модната сцена посебно се истакна и Олгица Шапковска, која за првпат настапува на Макфест, а беше облечена во црн, мини фустан со долга наметка во задниот дел.

marjana-stanojkovska-najglamurozen-fustan-marija-eye-cue-najdlaboko-dekolte-na-makfest-2020-foto-3.jpg

Во едноставен, но сепак елегантен стајлинг, се појави Наталија Славева - таа на 35-тото издание на Макфест, на сцената излезе облечена во црн миди фустан.

marjana-stanojkovska-najglamurozen-fustan-marija-eye-cue-najdlaboko-dekolte-na-makfest-2020-foto-04.jpg

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава