Clear View BTC ве кани на отворен ден за Презентациски вештини, на 7ми октомври во 14 часот...
30 септември беше посебен ден за љубителите на возилата BMW и MINI во Македонија. Свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Кососво беше забележан со многу изненадувања...
Скопје (30.09.2015) Производителите на органски производи оваа година организирано се претставуваат на Агрофуд 2015. Беорг, Наша Добра Земја, Тера Органика, Биона, БиоКулт, Екогрин, Биофлор, Процерт, Балкан Биоцерт, Липа и Федерацијата на органски производители во Македонија, потпомогнати од IME (Increasing Market Employability) програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, заеднички ќе ги претстават своите производи и бизнис приказни во посебен дел во кој акцентот ќе биде ставен на производството на здрава храна...
Скопје (29.09.2015) Есента во Македонија пристигна, а со тоа дојде и времето кога главниот разговор во секое семејство се врти околу зимницата и што да се приготви и складира за зимските месеци. Главоболките околу купувањето на зеленчук и овошје за подготовка на ајвар, печени пиперки, кисели краставички, џемови и останатата традиционална зимница стануваат минато, бидејќи од 1-ви до 4-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015, каде продажниот аспект на готовата традиционална зимница е гаранцијата за полните тегли. Освен квалитетната зимница, новитет се органските производи и македонската традиционална зимница, кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители...
На 05. октомври 2015 година, со почеток во 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше"...
Огромна група на велосипедисти, велосиопедски здруженија, граѓани со тротинети, млади со ролерки, родители со колички за бебиња и пешаци вчера од 18 часот ја поддржаа ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка, чија стартна позиција беше i-bank storе концепт филијалата на Стопанска банка. Трката заврши во градскиот парк со голема забава со 5+ Бендот, единствената Калиопи и диџеј Гоце САФ...
Во Нион утре напладне, на прес-конференција, ќе биде обелоденет изборот на УЕФА за град-домаќин за Суперкупот на Европа за 2017 година. Македонија се надева дека тоа ќе биде Скопје и националната арена „Филип Втори“...
На конференцијата практично и во детали ќе зборуваме за замките на семејните / приватните компании. Сега споделуваме 3 начести замки...
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин во текот на вчерашниот ден организираше едукативна трка со велосипеди во Градскиот парк во Скопје.
Под мотото „Нашето Малку за некого Многу”, здружението „Хуманост без граници” ве поканува да усреќиме три социјално загрозени семејства заедно...
Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски вечерва настапи со „Autumn Leaves” во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти.
Вчера се одржа втората генерална проба за првата полуфинална вечер на Евровизија. По настапите на 16-те земји учеснички во првото полуфинале, гласаа членовите на жирито.
Патниците на њујоршкото метро, додека го чекале да пристигне, на 4 мај биле пријатно изненадени од изведбата на култниот бенд U2.
Најновото филмско остварување ’’ Три во Едно’’, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан во Понеделник, 4 Мај , од 20 часот,истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија) и во Битола и Струга, а потоа и низ останатите градови низ Македонија.
Најголемите општествено-глобални проблеми се токму оние кои директно влијаат на идните генерации и нивниот развој. Кога зборуваме за општествено-глобалните проблеми можеме да посочиме на едукацијата, здравјето, културата, животната средина и општественото претприемништво...
Со гостување во соседна Албанија, македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски ја започна промотивната евровизиска турнеја во организација на Македонската Радио Телевизија...
Директорката на маркетинг агенцијата Публицис груп, Александра Дилевска Симова е одликувана со престижниот орден Витез од Редот на уметности и книжевност (Chevalier des Arts et Lettres) заради нејзините достигања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија, промоција на македонската...
„Женската трка во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје оваа година се одржува по трет пат. Трката е со една единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање.“