„Златната ера“ на НАСА: Ретки фотографии од вселенската трка и првите патувања во вселената

Првата вселенска прошетка на астронаут од Америка, Баз Олдрин се подготвува да стапне на Месечината…

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-i-prvite-patuvanja-vo-vselenata-01.jpg

Почетоците на вселенските истражувања се одбележани со бројни достигнувања – од првиот вселенски лет, до првата посета на Месечината.

Со лансирањето на сателитот Спутник во 1957 од страна на Советскиот Сојуз почнува и вселенската трка помеѓу СССР и САД која е причина за најзначајните достигнувања од истражувањето на вселената.

Во голема мера поради Студената војна, двете земји си ја „мереле силата“ на секој можен начин, вклучувајќи и со научни достигнувања.

Овој период е основана американската агенција НАСА која до денес е лидер во вселенските истражувања.

Поновите достигнувања на НАСА се ништо помалку од импресивни, но она што се случувало во „златната ера“, односно во минатиот век, го поплочило патот за денешните подвизи.

Неколку ретки фотографии од почетоците на НАСА и првите големи достигнувања:

Три месеци пред да го лансираат првиот американски астронаут во вселената, од НАСА го лансираа шимпанзото Хам.

Во 1961-ва, Хам успешно си ја заврши мисијата и безбедно се врати на Земјата.

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-02.JPG

Првите вселенски патници на НАСА – астронаутите од мисијата Mercury – за време на тренинг во Невада (1960 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-03.JPG

Џон Глен – првиот Американец кој ја заобиколи земјата во склоп на мисијата Mercury (1962 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-04.JPG

Астронаутите Ед Вајт и Џејмс Мекдивит за време на мисијата Gemini 4, кога беше изведена првата вселенска прошетка од страна на Американец (1965 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-05.JPG

Ед Вајт за време на првата вселенска прошетка од Американец (1965 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-06.JPG

Сопругите на Џејмс Мекдивит и Ед Вајт разговараат со нив од контролниот центар на НАСА, за време на нивната мисија (1965 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-07.JPG

Прва фотографија од „изгревање“ на Земјата направено од орбита на Месечината за време на мисијата Apollo 8 (1968 година)

zlatnata-era-na-nasa-retki-fotografii-od-vselenskata-trka-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава