„Златната ера“ на НАСА: Ретки фотографии од вселенската трка и првите патувања во вселената
Првата вселенска прошетка на астронаут од Америка, Баз Олдрин се подготвува да стапне на Месечината…

Почетоците на вселенските истражувања се одбележани со бројни достигнувања – од првиот вселенски лет, до првата посета на Месечината.
Со лансирањето на сателитот Спутник во 1957 од страна на Советскиот Сојуз почнува и вселенската трка помеѓу СССР и САД која е причина за најзначајните достигнувања од истражувањето на вселената.
Во голема мера поради Студената војна, двете земји си ја „мереле силата“ на секој можен начин, вклучувајќи и со научни достигнувања.
Овој период е основана американската агенција НАСА која до денес е лидер во вселенските истражувања.
Поновите достигнувања на НАСА се ништо помалку од импресивни, но она што се случувало во „златната ера“, односно во минатиот век, го поплочило патот за денешните подвизи.
Неколку ретки фотографии од почетоците на НАСА и првите големи достигнувања:
Три месеци пред да го лансираат првиот американски астронаут во вселената, од НАСА го лансираа шимпанзото Хам.
Во 1961-ва, Хам успешно си ја заврши мисијата и безбедно се врати на Земјата.