Војаџер на НАСА стигна до крајот на Сончевиот систем

vojadzer-na-nasa-stigna-do-krajot-na-sonceviot-sistem

Проектот на НАСА, Војаџер 1, лансиран во 1977 година, се приближува до крајот на соларниот систем и уште малку ќе премине преку границата на надворешната вселена, велат научниците кои стојат зад проектот.

Како што се приближува 35 годишнината од проектот Војаџер (Voyager project), Ед Стоун вели дека може да поминат денови, месеци или години, пред Војаџер да замине во меѓуѕвездениот простор.

Претходно годинава, индикаторите во леталото покажале дека тоа се приближува кон таканаречената хелиопауза, што претставува граница меѓу нашиот сончев систем и надворешната вселена.

Научниците беа заинтересирани за тоа што се случува кога во мај се покажа дека има големо зрачење со космички зраци кои го погодиле леталото, кое со децении праќаше фотографии од Земјата и другите планети во сончевиот систем.

Бидејќи мерењата од тогаш одат нагоре и надолу, не може точно да се предвиди кога Војаџер ќе замине од сончевиот систем.

„Прашањето е, уште колку натаму се протега хелиопаузата?“, вели Стоун, на неговото предавање во седиштето на Jet Propulsion Laboratory (JPL) во Пасадена, Калифорнија.

„Не знаеме... дали танцуваме по работ на нов регион што нé поврзува со надворешноста“, додава Стоун, научник од проектот Војаџер од Институтот за технологија во Пасадена.

Претпоставувајќи дека Војаџер минува милијарда милји во три години, сепак не се знае колку време му треба на леталото да излезе од соларниот систем, па Стоун вели: „Тешко е да се замисли уште колку долго ќе трае, може денови, месеци или години. Не можам да ви кажам“.

Но, сепак тоа излегување ќе биде многу значајно.

„Преминувањето во меѓуѕвездениот простор - тоа ќе биде историски момент кога првиот објект лансиран од Земјата конечно ќе го напушти меурот’, вели тој.

Пред измерените космички зрачења во мај годинава, научниците претпоставуваа дека Војаџер ќе замине во меѓуѕвездениот простор за две години.

Според  НАСА, Војаџер 1, сега 11 милијарди милји (18 милијарди километри) далеку од Сонцето, и неговиот компањон Војаџер 2, се „двата најдалечни активни репрезента на човештвото“.

Војаџер 1 кого го контролираат научници, и чија технологија од 1970-тите има меморија од 100.000-тинка од компјутерска меморија на 8 GB  iPod Nano, требаше да ги исклучи своите камери во 1989 година, откако ќе го помине Нептун, за да ја сочува својата енергија.

Под претпоставка дека тој сè уште функционира нормално, ќе треба да се почне со гасење на инструментите од 2020 година, а потполно гасење се очекува во 2025 година.

05.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg