Како човечкиот мозок реагира на опасни ситуации?

brain_small.jpgБрзината со која регираме на опасни ситуации понекогаш може да значи живот или смрт. Во примитивното минато тоа би можело да значи бегање од животно, а денес избегнување на сообраќајни несреќи. Меѓутоа, за некои одлуки потребно е да се соберат повеќе информации пред реакцијата, а нашиот мозок и за тоа нашол решение...

Долги години се веруваше дека цицачите во мозокот имаат два системи за донесување одлуки кои функционираат со различна брзина кога ќе се соочат со различни ситуации. Новото истражување спроведено на Универзитетот Бристол се потпира на таа теорија и покажува дека еволутивните притисоци створиле потреба за формирање на уште еден дел од мозокот. Тој е поспор, но собира повеќе информации за да донесе што попрецизни одлуки.

Водителот на ова истражување Пит Тример, изјавил дека во тек на работењето на овој проблем со магнетна резонанца (fMRI) регистрирале дека делови на надворешниот кортекс (кои се развиле неодамна во нашето еволутивно минато) исто brain.jpgтака се користат за донесување на одлуки.

Зошто на човечкиот мозок му се потребни тие две подрачја за донесување на одлуки? Кои предности ги носи новиот систем: Додатниот дел на мозокот значи додатна енергија и тежина. Значи ли тоа дека сатриот дел на мозокот за донесување одлуки е непотребен? Ако е така, дали е можно да атрофира, па со време нашиот мозок да стане помал?

Како би одговорил на тие прашања Тример изградил теориски модели кои преставуваат два система во кој е опишан еден систем за кој се претпоставува дека реагира многу бргу, но неточно и друг, кој реагира откако ќе собере доволно информации и затоа е поспор.

Резултатите на истражувањата покажале дека всушност потребни се обата система кога нивото на закана е високо, како што е на пример, ризик од напаѓање на опасно животно, тогаш е корисно да се има систем кој ќе реагира бргу, дури и ако не е точен. Меѓутоа кога ќе се најдеме во сложени ситуации, како што е социјален однос, новиот систем тогаш повеќе ќе користи.

„Кога животот станал покомплициран, и се јавила потреба е да се соберат повеќе информации пред да се донесе одлука, тогаш се развил новиот систем во мозокот. Тоа можеше да донесе до брз развој на кортексот на цицачите. Ако луѓето продолжат да живеат во опасен свет, каков што е денешниот, сеуште ќе имаме потреба за донесување на брзи одлуки, па затоа не се верува дека човечкиот мозок ќе атрофира во скоро време“ изјавил Тример.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg