Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате вечерва?
Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втора од вкупно три за годинава. Бидејќи Месечината ќе биде најблиску до Земјата, ќе изгледа поголемо и посјајно од вообичаено.

Она што ја прави ноемвриската супермесечина поимпресивна е тоа што вечерва нашиот сателит ќе биде најблиску до Земјата.
Месечината ќе се наоѓа на растојание од околу 357.000 километри, па ќе изгледа поголема и посветла од вообичаено.
Ќе можете да ја набљудувате од каде било, дури и од осветлено место, без никаква опрема. Но, за поголемо уживање, може да ви користи и обичен двоглед.
Секако, со надеж дека нема да биде облачно.
Во Скопје (и Македонија) денес Месечината ќе изгрее околу 16:24 часот, а ќе биде видлива во текот на скоро целата ноќ.
Ноемвриската полна месечина е позната и како „месечина на дабарите“. Како повеќето вакви називи, името потекнува од домородното население во Америка.
Во ноември, дабарите почнуваат да минуваат повеќе време во нивните живеалишта, со што во Америка почнувала и сезоната на нивото ловење.
Инаку, супермесечина е феномен кој се појавува поради орбитата на Месечината околу Земјата.
Орбитата не е кружна, туку со форма на елипса, па има периоди кога Месечината е најблиску до нашата планета.
Кога Месечината полна, а истовремено е и на најблиската точка до Земјата, тогаш настанува супермесечина.
Сепак, на некои астрономи не им се допаѓа зборот „супермесечина“ бидејќи поради него некои луѓе очекуваат Месечината да биде драстично поголема.
Во реалноста, според НАСА, за време на супермесечина, нашиот сателит изгледа околу 7% поголем од вообичаено.
Но, бидејќи Месечината свети посилно, глетката сепак е импресивна.
Спирова С. | Црнобело
