Првите соседи - вонземјани!

За овој случај се заинтересирале и луѓето од MUFON (Mutual UFO Network), кои планираат да постават надзорни камери околу сомнителната куќа. Дали...

 

... навистина ќе бидат снимени вонземјани, прашање е сега.

Виетнамскиот ветеран Мајкл Роули и неговиот син Шејн од Флорида изјавиле пред камерите на NBC дека околу нивната куќа постојано се шетаат вонземјани!

Тие неодамна се вселиле во таа куќа и тврдат дека имале повеќе средби со вонземјани: "На се човек може да се навикне, па и на средбите со суштества кои имаат големи црвени очи. Навистина, необично е да ги сретнете, се појавуваат кога сакаат, но верувам дека овде доаѓаат во мир", изјавил Мајкл, па на новинарите им понудил 2 докази дека тоа не е лага.

prvite-sosedi-vonzemjani1

Едниот е отисок земен од местото каде наводно се сретнувал со вонземјаните, а другиот е снимка од вонземјани во спалната соба. Дали доказите на Мајкл се веродостојни, погледнете го прилогот и проценете сами!

 

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg