Како да го создадете вашето АЛТЕР ЕГО

 

alter-ego-povekjeНикогаш не е премногу доцна (или премногу рано) да си дадете нов идентитет. Ако имате желби и вештини кои сакате да излезат на површина и да ги...

 

 

 

...постигнете во животот, а се надвор од вашиот карактер што го носи вашето сегашно име, можеби е време да размислувате за создавање на свое Алтер Его. Психолозите го препорачуваат за сите оние кои имаат потешкотии при искажувањето на карактеритстики и желби.

8 чекори за постигнување:

 

 

Чекор 1

Размислувајте за закопаните таленти кои што сакате да ги истакнете. На латински, Алтер его значи “вториот јас”, alter-ego”другиот во мене”. Со тоа што ќе го именуваме нашето алтер его, му вдахнуваме живот, му го признаваме постоењето во тие делови кои што биле скриени и скоро невозможни за нашето “прво Јас”.

Чекор 2

Земете совети од успешните создавачи на алтер его. Имено, типично е особено за актерите и музичарите да создадат алтер его кое што се пoјавува на сцената, и има друго - сценско име. Ваквото сценско его помага во перформансот и во опуштањето на нервите, така што целиот настап се изведува лесно и релаксирано. На пример Robert Allen Zimmerman стана Bob Dylan, Erica Wright се преименува во Erykah Badu, Alecia Moore ја одбра Pink, Paul David Hewson се одлучи за Bono Vox, а Vickie Lynn Hogan стана Anna Nicole Smith. Мислeте на вашето алтер его како на сценско, уметничко име и дајте му карактер.

Чекор 3

Станете емоционални. Вашето алтер его може да биде смешно или сериозно, духовно или световно, мрачен или очигледен. Може да доминира и да ви го превземе секојдневниот начин на живот, или да се појавува одвреме-навреме кога вам ви треба. Било каква асистенција да ви треба од вашето алтер его, верувајте дека изборот за правото име допринесува многу за да се доловат правилните емоции. Хип хоп ѕвездата James Todd Smith си “вгради” комплименти во името на своето алтер его кога се прекрсти во Ladies Love Cool James односно LL Cool J.

Чекор 4

Развијте карактер. Софија на пример, девојка која има 24 години, ја прекинала својата романтична врска во која alter-ego2била речиси 6 години. Било оддамна откако таа излегувала на состаноци, флертувала со момчиња, се чувствувала самоуверено. Идеата за запознавање на нови мажи била истовремено и предизвик и застрашувачка. Бидејќи имала срамежлив карактер кој не бил многу самоуверен, таа создала совршено алтер его кое и недостасувало – го крстила Ела. Ела е атрактивна, самоуверена, промискуитетна и нема страв од мажите. Така, секогаш кога Софија ќе се најдела во ситуација да и се врзе јазикот и да и да се срами, таа се повикувала на Ела, размислувајќи како неа, односно како Ела би реагирала и би се справила со оваа ситуација. Ваквото алтер его беше најдоброто нешто што и се случило.

Чекор 5

Прославете. Имендени се карактеристични во многу култури и религии. Пречекајтеговашето алтер его со топло добредојде – спремете му вечера, напишете поема, едноставно опуштете се, за да може да избие на површина.

Чекор 6

Облечете го според карактерот. Доволно е само да си купите на пример, плава перика, која ќе ја носите по дискотеки, само колку да си дадете одмор на себеси.

Чекор 7

Игнорирајте ги лошите критики. Штом се решите да го претставите вашето алтер его пред светот, бидете подготвени на секакви коментари. Мое да има критики за името, коментари дека сте луди и ексцентрични...Игнорирајте ги. Тие се досадни и немаат фантазии.

Чекор 8

Бидете спремни на разделба. Ке дојде време кога вашето алтер его ќе треба да го “откачите”. Откако ќе ја постигнете целта, ќе ги превземете сите позитивни карактеристики кои ви фалеле во умерена доза и граница, испратете го своето алтер его на некој пуст остров каде ќе може да сурфа и да пие коктели по цели денови.

 

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg