Суштествa без очи и мозок

Необично суштество е пронајдено во длабочините на Атланскиот океан, а истражувачите кои работат на проектот "Census of Marine Life" претпоставуваат дека...

 

... сме добиле 10 нови видови.

Меѓу спектакуларните откритија, се вбројуваат и 3 нови припадници на класата Enteropneusta - цреводишачи кои имаат тела структурирани во три дела, а позади себе додека се движат во морското дно, оставаат спирална трага.

"Секој припадник на Enteropneusta има различна боја - розе, виолетова и бела а и различен облик. Немаат очи, ниту пак мозок", изјави професорот Monty Priedе од Шкотска.

Експедицијата траела 6 дена, а во неа учество завземаа стручњаци од 16 земји. Во истражувањето фокусот бил на длабочина помеѓу 700 и 3600м.

Резултатите од проектот "Census of Marine Life" ќе бидат презентирани на крајот на годината.

Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...

Најчитани неделава