Зачудувачки научни факти кои најверојатно не сте ги учеле во училиште

Дали знаете дека воопшто немаме идеја како изгледа најголемиот дел од универзумот?

Zacuduvacki-naucni-fakti-01.jpg

Сите ѕвезди, планети и галаксии коишто ги набљудуваме денес, сочинуваат само 4% од универзумот, додека пак останатите 96% се состојат од темна материја и темна енергија коишто астрономите не можат да ја видат, детектираат, ниту пак да ја разберат. 

Најпопуларното објаснување за оваа празнина во науката е дека овие супстанции се формираат од одредени честички што не реагираат со нормалната материја и затоа остануваат невидливи. Сепак, дури и нашата планета има многу скриени тајни кои ние ги откриваме секојдневно.

Прочитајте неколку интересни научни факти коишто сигурно не сте ги научиле во училиште:

1. Дневно губите по 0,5 килограми со помош на испуштањето гасови. Проценето е дека вкупната маса на внатрешниот „гас“ е 0,0371 грам, а просечниот човек испушта гасови околу 14 пати на ден.

2. Белите мечки не можат да бидат детектирани од инфрацрвени камери. Овие животни се совршено загреани благодарејќи на дебелиот слој маст под кожата и дебелото густо крзно кое го прекрива нивното тело. 

Сето ова не дозволува внатрешната топлина да го напушти телото и нивната површина на крзното останува иста како температурата на снегот, па затоа и се невидливи за инфрацрвените камери коишто ја детектираат топлината која го напушта телото на живите организми.

3. Сончогледите можат да прочистуваат нуклеарен отпад. Одредени радиоактивни изотопи се слични со хранливите состојки коишто им требаат на сончогледите, па така како што тие растат ја собираат радијацијата од земјата.

zacuduvacki-naucni-fakti-koi-najverojatno-ne-ste-gi-ucele-vo-uciliste-02.jpg

4. Болвата има подобро забрзување од ракетата. Болвата во скок постигнува неверојатна висина од 8 см за само една милисекунда, што е 50 пати побрзо од забрзувањето на ракета на полетување.

5. Стомачната киселина може да раствори жилет. За само 24 часа, голтнатиот жилет во вашиот стомак станува лесно кршлив благодарение на многу корозивната стомачна киселина со ниско pH ниво 2-3.

6. Бебињата имаат 64 коски повеќе од возрасните. Новороденчињата имаат околу 270 коски во нивното тело, што го прави нивниот скелет пофлексибилен. Со староста многу од тие коски се спојуваат меѓусебно, па така скелетот на возрасен човек има само 206 коски.

zacuduvacki-naucni-fakti-koi-najverojatno-ne-ste-gi-ucele-vo-uciliste-03.jpg

7. Невозможно е да ждригнете во вселена. Кога ждригате на Земјата, гравитацијата ги задржува цврстите материи и течноста од храната што сте ја изеле, а само гасот успева да избега низ устата. Кога нема гравитација, гасот не може да се оддели од цврстите материи и течностите и станува невозможно да ждригнете без да повратите.

8. Животните можат да сонуваат исто како и луѓето. Според некои студии, стаорците сонуваат како доаѓаат до храна или поминуваат низ лавиринти. Повеќето цицачи при спиење минуваат низ REM фазата, оној дел каде што се создаваат соништата.

9. Скорпиите светат под УВ светлина. Нивната меко сино зелена светлина доаѓа од состојката којашто може да се најде во нивната цврста лушпа која е дел од егзоскелетот. Сепак научниците не знаат која е целта на ова флуоресцентно сјаење и претпоставуваат дека тоа е или начин скорпиите да се најдат меѓусебно, или пак заштита од сонцето, или начин да се збуни пленот.

zacuduvacki-naucni-fakti-koi-najverojatno-ne-ste-gi-ucele-vo-uciliste04.jpg

10. Имате два делови од телото што не престануваат да растат. Носот и ушите кај луѓето не престануваат да растат дури ни кога останатите делови од телото ќе запрат со растење.

11. Можно е да врнат дијаманти на други планети. Атмосферите на Нептун, Јупитер, Уран и Сатурн имаат толку висок притисок што можат да ги кристализираат атомите на јаглеродот и да ги претворат во дијаманти.

12. Атомите се состојат од 99,99999999% празен простор. Атомот се состои од мали нуклеуси коишто се обвиени од облак со електрони распоредени преку пропорционално голема површина. Така, доколку успеете да го отстраните просторот од сите атоми од сите 7 милиони луѓе на планетава, ќе можете преостанатиот материјал да го збиеме во една коцка шеќер.

13. Жешката вода замрзнува побрзо од студената вода. Мпемба ефектот претпоставува дека брзината на честичките на жешката вода има специфична поставеност што им овозможува да замрзнат побрзо.

14. Бананите се радиоактивни. Бананите содржат калиум што ги прави малку радиоактивни. Но, не грижете се, можете да умрете од радиоактивно труење од банани само ако изедете 10.000.000 банани наеднаш.

15. Човековата крв е слична со морската вода. Составот на човечката крв има приближно ист состав на сол со морската вода. Ова го поддржува фактот дека животот потекнува од океанот.

zacuduvacki-naucni-fakti-koi-najverojatno-ne-ste-gi-ucele-vo-uciliste-05.jpg

16. Должината на вашата ДНК може да се протегне од Сонцето до Плутон и назад 17 пати. Човековото тело содржи околу 37 трилиони клетки со по 23 ДНК молекули во секоја од нив. Доколку ги отворите сите човечки клетки и ја одвиткате ДНК ќе постигнете должина од 50 билиони километри.

17. Еден ден на Венера е подолг од една година. На Венера ѝ се потребни околу 243 Земјини денови за да се заврти околу својата оска, а само 225 дена да се заврти еднаш околу Сонцето.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg