Исхраната базирана на месни производи може значително да го намали животниот век

Новото откритие направено од страна на група научници од Медицинскиот центар во Бостон, укажува дека луѓето кои во исхраната внесуваат мала количина на јаглехидрати имаат пократок животен век, што е во спротивност со досегашните препораки за здрава исхрана на медицинските лица во повеќето држави од Европа и САД.

ishranata-bazirana-na-mesni-proizvodi-mozhe-znachitelno-da-go-namali-zhivotniot-vek-01.jpg

Резултатите на ова истражување се базираат врз анализа на прехранбените навики на 15.400 луѓе од САД и укажуваат дека оние кои внесувале 50 до 55 проценти јаглехидрати во својата дневна исхрана имале најдолг животен век.

Таа група на луѓе кога ќе стигне на возраст од 50 години може да очекува квалитетен живот во наредните 33 години.

Истите анализи предвидуваат една година пократок живот за оние кои 70 проценти од своите дневни енергетски потреби ги придобивале од јаглехидрати и четири години пократок живот за оние кои дневно внесувале 30 проценти или помалку јаглехидрати во својата дневна исхрана.

Истражувањето покажало дека типот на масти и протеини кои ги внесуваат оние кои внесуваат многу малку јаглехидрати во својата исхрана има големо влијание на резултатите на анализата.

ishranata-bazirana-na-mesni-proizvodi-mozhe-znachitelno-da-go-namali-zhivotniot-vek-02.jpgСликата ја прикажува „Чинијата на урамнотежена исхрана“ објавена од Агенцијата за стандард на храна на Велика Британија. 

Новите истражувања покажуваат дека замената на јаглехидратите со белковини од растително потекло придонесуваат за продолжување на животниот век кај луѓето.

Онаа група на луѓе кои почнале да ги заменуваат јаглехидратите со јагнешко, свинско, говедско или пилешко месо се покажало дека ќе имаат најкраток животен век.

Причина за тоа се штетните ефекти кои ги предизвикуваат белковините и мастите од животинско потекло кои се манифестираат како воспаленија и оксидативен стрес на клетките во човечкото тело.

Но, групата на луѓе кои јаглехидратите ги замениле со масти и белковини од растително потекло, како јаткасти и мешункасти плодови имале продолжен животен век во споредба со оние кои имале урамнотежен начин на исхрана.

Ова е во согласност и со претходните истражувања кои укажуваат дека исхраната богата со јаглехидрати предизвиукува проблеми со метаболизмот кои се појавуваат како резултат на внесување на големо количество на рафинирани шеќери.

Ова истражување ни помага подобро да разбереме како нашата исхрана може да влијае врз нашиот животен век. Преку ваквите истражувања може да научиме како треба да ги приспособуваме нашите секојдневни навики за да си овозможиме долг и квалитетен живот.

М. Н. | Црнобело

Веста за ова откритие е преземена од неделнкот „New Scientist, 25.08.2018 при што оригиналната статија е модифицирана и приспособена на македонски јазик.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg