Добра вест за тие што го „фатиле“ денот – зошто ранобудните луѓе се посреќни?

Според едно интересно истражување, ранобудните луѓе се посреќни луѓе. Во истражувањето учествувале здрави личности на возраст од 20-тина години, а експериментот траел 6 дена.

istrazhuvanje-ranobudnite-lugje-se-posrekjni-01.jpg

Сите испитаници биле „ноќни птици“. Во просек, на спиење оделе околу 2:30 часот навечер, а се буделе во 10 наутро.

Во период од 2 недели пред почетокот на истражувањето, испитаниците носеле мерачи за спиење и поднесувале извештај за нивните дневна навики и исхрана, со цел да се дефинира нивниот животен стил.

Потоа испитаниците биле поделени во две групи. Во првата група, ритамот на спиење на испитаниците бил променет. Односно, тие оделе на спиење 3 часа подоцна, и се буделе 3 часа порано од вообичаено.

На почетокот и три недели подоцна, од испитаниците бил земен примерок за да се измери нивото на мелатонин и кортизол во нивните организми. Се покажало дека групата што си легнувала и се будела порано имала пониско ниво на кортизол во организмот.

Уште поважно, нивното субјективно доживување на депресија и стрес се намалило. Односно, сите испитаници кои ги прифатиле новите навики на спиење се чувствувале посреќно.

Иако се буделе порано, не чувствувале замор и поспаност наутро. Покрај тоа им се подобрила концентрацијата, како и физичката активност. Повеќето од нив почнале да консумираат и појадок.

„Во текот на истражувањето се подобри психичката состојба на испитаниците од групата што се будеше рано“, заклучил коавторот на истражувањето, доктор Ендру Багшо.

Ендру исто така предлага оние кои си легнуваат доцна, да се обидат да ја променат таа навика. За промената ќе бидат потребни околу 6 недели.

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg