Платиле по 55 милиони долари – Кои се луѓето кои ќе бидат дел од првиот приватен лет до Меѓународната вселенска станица?

На 26-ти јануари беа откриени имињата на првите луѓе кои ќе одат до Меѓународната вселенска станица со приватен лет. Екипажот го сочинуваат четворица мажи, кои платиле по 55 милиони долари за ова искуство.

odbrani-lugjeto-koi-kje-bidat-del-od-prviot-privaten-vselenski-let-platile-po-55-milioni-dolari01.jpg

Тимот е составен од поранешниот астронаут на НАСА Михаел Лопез Алгериа, Лери Конор од САД, Марк Пети од Канада и Ејтан Стиб од Израел.

Михаил Лопез Алгериа е поранешен астронаут кој се пензионираше од НАСА во 2012-та и е сегашен потпретседател на Axiom Space.

Лери од САД, кој зад себе има управувано 16 различни летала, ќе биде пилотот на леталото, со тоа станувајќи првиот пилот кој управува комерцијален вселенски лет.

Истовремено, со 71 година, тој ќе биде и втората најстара личност која отишла во вселената, веднаш зад Џон Глен кој го направи тоа на 77 години.

Марк Пети ќе биде вториот Канаѓанец во историјата кој отишол во вселената, а Ејтан е 11-иот Израелец кој го направил овој подвиг.

Лансирањето е планирано за 2022-ра година, а екипажот ќе патува со леталото Crew Dragon на SpaceX. Целата мисија е соработка помеѓу SpaceX, компанијата на Илон Маск, НАСА, како и компанијата Axiom Space.

odbrani-lugjeto-koi-kje-bidat-del-od-prviot-privaten-vselenski-let-platile-po-55-milioni-dolari02.jpgфото: SpaceX

После лансирањето од Флорида, на екипажот ќе му бидат потребни околу 48 часа за да стигнат до Станицата, а таму ќе поминат 8 дена.

odbrani-lugjeto-koi-kje-bidat-del-od-prviot-privaten-vselenski-let-platile-po-55-milioni-dolari03.jpgфото: NASA

Слично како SpaceX, Axiom Space е приватна компанија која произведува вселенски летала, а во договор со НАСА, ќе направи и комерцијален модул за Меѓународната вселенска станица.

Во јануари минатата година, компанијата доби дозвола од НАСА да го направи модулот, кој ќе биде лансиран во 2024-та, со цел да се создаде повеќе простор за астронаутите. Компанијата вели дека кога Станицата ќе излезе од орбита, модулот ќе се оддели од неа и ќе стане независна комерцијална станица.

odbrani-lugjeto-koi-kje-bidat-del-od-prviot-privaten-vselenski-let-platile-po-55-milioni-dolari04.jpgфото: Axiom Space

Приватниот вселенски лет, познат и како мисија Ax-1, ќе биде првиот од неколку комерцијални летови, со кои подоцна ќе биде составен модулот на Станицата. Истовремено, на еден од летовите најверојатно ќе присуствува и Том Круз, заедно со режисерот Даг Лиман, и ќе го снимаат првиот филм во вселената.

Прочитајте и Том Круз се надмина – од НАСА ја потврдија соработката за снимање филм во вселената

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg