Зошто земјата мириса толку добро кога врне дожд?

Повеќето луѓе ќе се согласат дека речиси и да нема поубав мирис од оној на дождот, особено во летните месеци после сушен период. А, ако сте се запрашале што точно го предизвикува овој неверојатен мирис, не сте единствените.

shto-go-predizvikuva-prijatniot-miris-na-dozhd-i-zoshto-uzhivame-vo-nego-01.jpg

Препознатливата арома на дождот има и име – петрихор. Зборот е смислен од двајца австралиски научници и е составен од грчките зборови петра (камен) и ихор (крвта на боговите).

Научниците Изабел Џои Беар и Р. Г. Томас почнале да ја истражуваат аромата на дождот и во 1960-тите направиле цело истражување на оваа тема. Тие дошле до заклучок дека препознатливиот мирис е предизвикан од мешавина на супстанци кои ги лачат одредени растенија за време на сушен период.

Кога ќе заврне дожд после сушата, супстанците кои во меѓувреме се акумулирале на почвата и камењата околу нив се мешаат со дождот и се ослободуваат во воздухот.

shto-go-predizvikuva-prijatniot-miris-na-dozhd-i-zoshto-uzhivame-vo-nego-.jpg

Друга причина за овој мирис се и бактериите и микроорганизмите во почвата кои произведуваат супстанца позната како геосмин. Овде спаѓаат и бактерии познати како Streptomyces, кои се присутни во почвата на скоро секое место на Земјата.

Бактериите ја лачат супстанцата во почвата кога се размножуваат и произведуваат спори.

Овие бактерии виреат во влажни услови, а прават спори кога времето е посуво. Во ваквите периоди, во почвата се таложат многу спори, па кога конечно ќе заврне дожд, тие се ослободуваат во воздухот и го предизвикуваат мирисот. Всушност, кога мирисате влажна почва, вие го чувствувате токму овој мирис.

Денес геосминот е состојка на некои парфеми, а според експертите, ние луѓето сме навистина чувствителни на неговиот мирис. Имено, можеме да го почувствуваме дури и ако го има во многу, многу мала количина.

shto-go-predizvikuva-prijatniot-miris-na-dozhd-i-zoshto-uzhivame-vo-nego-05.jpg

Постои уште една, малку необична причина за прекрасниот мирис на дождот – молњите и озонот.

Озонот е гас составен од три молекули на кислород и има силен мирис, кој е особено изразен после молњи. Електрицитетот од молњите може да предизвика обичниот кислород да се претвори во озон, кој има удел во мирисот што го чувствуваме после дождот.

shto-go-predizvikuva-prijatniot-miris-na-dozhd-i-zoshto-uzhivame-vo-nego-06.jpg

Можеби најинтересното во целата ситуација е прашањето зошто воопшто нè привлекува мирисот на дожд, за кое антрополозите имаат една претпоставка.

Според нив, повеќето луѓе уживаат во мирисот на дождот поради еволуцијата, односно нашите инстинкти за преживување кои сме ги наследиле од предците.

На пример, антропологот Дијана Јанг од Универзитетот Квинсленд во Австралија проучувала неколку домородни австралиски племиња.

Таа дошла до заклучок дека овие луѓе го поврзуваат мирисот на дожд со зеленило и вегетација. Односно, штом има дожд, ќе има и вода за производство на храна.

Иако ова е само хипотеза, многу експерти се согласуваат со неа. За сите луѓе ширум светот храната е неопходна за преживување, без разлика дали од растително или животинско потекло. А, животните и растенијата се поприсутни кога е врнежливо, отколку кога има суша.

shto-go-predizvikuva-prijatniot-miris-na-dozhd-i-zoshto-uzhivame-vo-nego-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg