Објавени првите фотки од кинескиот ровер Zhurong кој ќе ја истражува површината на Марс (фото)

Кина стана втората зема во светот по САД која успеа да „слета“ на Марс, а деновиве беа објавени првите фотки од кинескиот ровер, кој ќе ја истражува марсовската површина.

objaveni-prvite-marsovski-fotki-od-kineskiot-rover-zhurong-koj-kje-ja-istrazhuva-povrshinata-na-mars-foto-01.jpg

Роверот Zhurong слета на Марс на 14-ти мај, како дел од кинеската мисија Tianwen-1. Зад мисијата стои Кинеската национална вселенска администрација, која ги објави и првите фотки од роверот – една во боја и една црно-бела.

Роверот ќе ја истражува мавровската област позната како Utopia Planitia, а на споделените фотографии покрај Zhurong, се гледа и дел од областа.

Фотографијата во боја е направена со помош на камерата за навигација на роверот. На неа можеме да забележиме мал дел од горниот дел на роверот, вклучувајќи ги и неговите соларни панели, како и дел од мавровската површина.

objaveni-prvite-marsovski-fotki-od-kineskiot-rover-zhurong-koj-kje-ja-istrazhuva-povrshinata-na-mars-foto-03.jpg

Црно-белата фотографија е направена со помош на камерата за детектирање и избегнување препреки која се наоѓа на предниот дел од роверот, па на неа можеме да го видиме марсовскиот хоризонт.

objaveni-prvite-marsovski-fotki-od-kineskiot-rover-zhurong-koj-kje-ja-istrazhuva-povrshinata-na-mars-foto-02.jpg

Со оваа мисија, Кина стана втората земја во светот која успеа да слета на црвената планета. Претходно и Советскиот Сојуз и Европската вселенска агенција се обидоа да го изведат ова, но неуспешно.

На мапата во продолжение можете да погледнете каде се изведени сите успешни слетувања на Марс, вклучувајќи го и она на кинескиот ровер, како и на роверите на НАСА – Curiosity и Perseverance.

objaveni-prvite-marsovski-fotki-od-kineskiot-rover-zhurong-koj-kje-ja-istrazhuva-povrshinata-na-mars-foto-04.jpg

Кинеските експерти се надеваат дека роверот ќе биде активен барем 90 марсовски денови, односно околу три месеци. Роверот тежи 240 килограми и е опремен со камери кои му помагаат за навигација, но и кои ќе ја фотографираат марсовската површина. На роверот има и неколку инструменти за проучување на составот на карпите, како и околината и временските услови.

Роверот има и радар за детектирање замрзната вода под површината – исто како роверот Perseverance.

objaveni-prvite-marsovski-fotki-od-kineskiot-rover-zhurong-koj-kje-ja-istrazhuva-povrshinata-na-mars-foto-05.jpgПриземјувачот на Кина со спуштена рампа (лево) и роверот (десно) - слика од компјутерска анимација

Местото каде што слета роверот Utopia Planitia е и локацијата на слетување на приземјувачот од мисијата Viking-2 во 1976 година. Ова беше една од првите мисии на НАСА кои имаа за цел да ја истражуваат Марс, барајќи траги од живот и вода.

Локацијата е всушност огромен кратер со пречник од над 3.000 километри. Наводно, некои докази укажуваат дека во минатото кратерот бил океан. Според податоците од некои сателити, сосема возможно е во кратерот да има и остатоци од мраз.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg