Во А1 Македонија осигурување на екран на телефон во неколку едноставни чекори

Вашиот мобилен телефон не е само мобилен телефон. Тој е ваш будилник, фотоапарат или клик до вашата омилена песна и до такси кога ќе ви затреба. Всушност, сè е на него. Ако се скрши, ќе останете без „сè“. Со осигурувањето на екранот, бидете сигурни дека вашиот телефон ќе биде како нов, без оглед на тоа како и каде се случила штетата.

vo-a1-makedonija-osiguruvanje-na-ekran-na-telefon-vo-nekolku-ednostavni-chekori-01.jpg

Според статистиките, секој петти човек го оштетува својот уред во првата година. Околу 80% од сите штети, всушност, се однесуваат на оштетување на екранот, просечниот трошок за замена на екранот изнесува приближно 6.000 денари.

Во најновата промоција А1 Македонија овозможи осигурување веднаш со набавка на смарт телефонот при самата набавка. Имено, со набавка на смарт телефон корисникот добива можност да се одлучи за осигурвање на екранот, а со новата промоција го добива  бесплатно за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период корисникот може да го продолжи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена од само 49 денари месечно.

Како се склучува за осигурување на екран?

Осигурувањето на екранот може да се активира веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1. За оваа услуга нема договорна обврска, односно може да биде откажана во секое време.

Осигурувањето е во зависност од цената на уредот. За уреди до 19.999 ден. цената за осигурување на екран изнесува 49 ден./месечно, а учеството во штета е 750 денари. За уреди над 20.000 ден. цената е 199 ден./месечно, а учеството во штета е 2.500 денари. Плаќањето е преку сметката на А1.

Што во случај на кршење на екранот?

Штетата настаната поради кршење на екранот корисникот треба да ја пријави со повик на Корисничката поддршка за осигурување на бројот 0800 5 1111.

Каде да го однесете уредот?

Осигурениот уред корисникот веднаш треба да го однесе во најблиското продажно место на А1 и уредот ќе биде поправен од страна на овластениот сервис.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg