Вашето здравје на прво место со Hisense Energy Pro Plus клима уредот

Веројатно посакувате вашиот дом да биде безбедно и здраво место, каде што ќе се чувствувате заштитени од различните „закани“ од надворешната средина. Чувството на сигурност и удобност е неизбежно поврзано со квалитетот на воздухот што го дишете. Затоа, важно е да си овозможите себеси и на вашето семејство чист и прочистен воздух во домот секој ден. Тоа е возможно со иновативниот и паметен Hisense Energy Pro инвертер клима уред.

vasheto-zdravje-na-prvo-mesto-so-hisense-energy-pro-plus-klima-uredot-01.jpg

Кога размислувате за клима уреди, погледнете пошироко од самото ладење или греење на воздухот, бидејќи модерните и паметни технолошки решенија ви овозможуваат многу повеќе од само пријатна температура во домот. Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот ефикасно го регулира квалитетот на воздухот, осигурувајќи се дека воздухот што го дишете е свеж, прочистен и оптимално влажен. Кажете им збогум на бактериите и вирусите, вклучително и COVID-19, бидејќи Hisense Energy Pro Plus клима уредот има моќ да ги елиминира сите нив. Освен тоа, не мора да се грижите за рачните поставки, бидејќи клима уредот сето тоа го прави автоматски. Запознајте се со сите придобивки и карактеристики одблиску.

Прочистен воздух за здрав живот

Штетните вируси и бактерии може да користат различни начини за да влезат во вашиот дом, но со помош на Hisense Energy Pro Plus клима уредот можете да го одржувате воздухот чист и здрав. Благодарение на иновативната Hi-Nano технологија, клима уредот ефикасно ги отстранува бактериите и вирусите во воздухот, вклучувајќи го и коронавирусот (COVID-19). Како? Со ослободување на јони со висока концентрација се создава здрава средина која го штити вашето здравје. Докажано е дека Hi-Nano технологијата отстранува 92,6%* од H1N1 и стерилизира 88,54%* од ешерихија коли за 2 часа. Здравите јони со висока концентрација, исто така, можат ефикасно да ја отстранат прашината во воздухот бидејќи Hi-Nano технологија отстранува 60,07%* од PM2,5 честичките за 2 часа, прочистувајќи го воздухот околу вас.

Hisense клима уреди

Совршена удобност во секој момент

Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот не само што ви обезбедува постојано свеж и чист воздух, туку и совршено чувство на удобност. Користејќи ја AI Smart функцијата со помош на SmartEye, климатизерот автоматски ја прилагодува внатрешната температура, влажноста и брзината на ветерот на временските услови надвор од вашиот дом. Освен тоа, со Follow/Avoid режимот на автоматско насочување на воздухот се прилагодува насоката на проток на воздух од клима уредот така што препознава каде се наоѓа човекот во просторијата, осигурувајќи се да се чувствувате удобно во секој агол од собата.

Топло или ладно надвор, секогаш пријатна температура во домот

Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот не само што ве лади за време на летото, туку ви обезбедува пријатна топлина во зима кога температурите се ниски. Благодарение на силниот капацитет за загревање на ниски температури, клима уредот ви овозможува да ја почувствувате топлината на сонцето, дури и ако надворешната температура падне на -22°C. Со функцијата за специјално загревање од 8°C, Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот автоматски ја одржува температура во домот на 8°C при подолго отсуство од домот, на пример, кога ќе одите на одмор. На овој начин спречувате замрзнување на водата, додека потрошувачката на енергија е сведена на минимум.

Одржување на висока ефикасност и чист воздух

Освен што ефикасно го чисти и прочистува воздухот, Energy Pro Plus инвертер клима уредот ви овозможува пониски трошоци за 30% благодарение на високата енергетска ефикасност на ладење и греење од А+++. Заштедата на електрична енергија и зголемената енергетска ефикасност се должи на 3D инвертер технологијата, комбинирана со електричниот експанзионен вентил кој го подобрува протокот на фреон во системот.

Дали размислувате за подобрување на температурата и здравствените услови во вашиот дом? Искористете ги сите поволности што ви ги носи Hisense Energy Pro Plus инвертер клима уредот, како и неговиот елегантен модерен дизајн, пријатната контрола за корисникот преку Wi-Fi и апликацијата ConnectLife, и уште полесната гласовна контрола преку вградените звучници на Amazon или Google. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Hisense.

*Податоците за ефектите на Hi-Nano доаѓаат од податоци тестирани од TEXCELL и SGS во лабораториски услови.

vasheto-zdravje-na-prvo-mesto-so-hisense-energy-pro-plus-klima-uredot-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg