Незапаметен интерес за наградната игра на Државна лотарија „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, интересот за истата е како во старите добри времиња на Супер бинго

Скопје, 29.11.2023 година – Наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ во која имате можност да добиете ексклузивна награда како луксузно патување во Дубаи, BMW1, iPhone 14 pro, гејминг лаптоп Lenovo и најавениот мега настан „99 Мегастарс“ предизвикаа невиден интерес кај граѓаните.

nezapameten-interes-za-nagradnata-igra-na-drzhavna-lotarija-bidi-in-registriraj-se-na-megavin-interesot-za-istata-e-kako-vo-starite-dobri-vreminja-na-super-bingo-01.jpg

Импресивната бројка од илјадници регистрирани корисници на платформата megawin.mk ветуваат одлична забава утревечер во СЦ „Јане Сандански“ каде и ќе се врши извлекувањето на наградите од наградната игра.

За да присуствувате на овој МЕГАспектакуларен настан потребно е да се регистрирате на страницата www.megawin.mk. Во улога на водители на настанот, кој воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски, а ќе настапат: Искра Трпева, Peace Brothers, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Ивона Јо, Куку Леле, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Теа Трајковска, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц …

Секој оној кој ќе се регистрира на новата интернет платформа www.megawin.mk, за која Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно денес до 23:59 часот ќе учествуваат во извлекувањето на наградите на Мега настанот „99 Мегастарс“. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, и еден автомобил BMW 1. Првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk ќе добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 ден. до 10.000 ден., кој ќе можат да се искористат за играње на платформата megawin.mk.

Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg