Таско: Galaxy S24 Ultra е телефон кој може сé!

Христијан Тасковски кого јавноста го знае како Таско, е наш познат рапер и текстописец. Како јавна личност супер-популарна кај младите, на Таско музичката кариера му донесе уште една професија како инфлуенсер на социјалните медиуми, која тој одлично ја „хендла“ и сериозно ја сфаќа. На своите скоро 50К следачи Таско најчесто им се обраќа преку својата музика, иако има и неколку соработки со светски брендови, како на пример во моментов што е Samsung. Иако вели дека никогаш не се замислувал дека ќе биде инфлуенсер, сепак му се допаѓа тоа што не е ограничен во неговата креативност и креира содржини кои се интересни за сите.

Со новиот Galaxy S24 Ultra – телефонот за кој сите зборуваат – Samsung се надмина себеси, вели Таско, нашиот познат рапер, кому инфлуенсерската кариера му дојде природно, „сама по себе“, имајќи предвид дека во денешно време императив за секој музичар е да има свои канали на социјалните мрежи каде неговите фанови и останатата публика секојдневно ги следат неговите музички остварувања, професионални ангажмани и по некој интересен детал од приватниот живот. И кога ваква карактеризација за новиот телефон доаѓа од човек на кој значаен дел од работата му е секојдневно да креира содржини со мобилниот уред, тогаш разбирливо е да се обидеме подетално да ги дознаеме причините поради кои Galaxy S24 Ultra толку многу ги фасцинира своите корисници.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-06.jpg

Совршени камери со вештачка интелигенција и генеративно уредување

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-05.jpg

„Многу ми е битно, ако не и најбитно мобилниот да ми има добра камера. Овде новиот Samsung Galaxy S24 Ultra ги има опфатено сите сегменти за да се направат прекрасни фотографии и видеа, со многу опции, почнувајќи од Pro Vision Engine-от кој е лудило кога е во прашање средување на слика, па тука можам и да го ставам и Quad Tele системот кој леките од 2х, 5х, 10х, може да зумира во реален оптички зум, а кога сме кај зумот тука е и AI технологијата која што сериозно знае да си ја заврши работата. Кој ќе си го купи ќе сфати за што зборувам 😊“, раскажува Таско, и додава дека Galaxy S24 Ultra е еден од најдобрите уреди моментално на пазарот, и е буквално bang for the buck мобилен кој може се. Неговите перформанси навистина прават чуда со вашите видеа, фотографии и останати содржини кои ги создавате, вклучувајќи ја тука и функција Nightography, која ја револуционизира фотографијата при слаба осветленост.

Galaxy AI или вештачката интелигенција кај Galaxy S24 Ultra направи вистински бум кога станува збор за целокупното искуство со камерите. На задната страна на телефонот има систем со четири камери кој се состои од главен сензор од 200 MP, модул со ултра широк агол од 12 MP, телефото камера од 10 MP (3x оптички зум) и нова и подобрена перископска камера од 50 MP со 5x оптички зум. Системот Quad Tele на Galaxy S24 Ultra, кој освен револуционерниот оптички зум од 5x, вклучува и подобрен дигитален зум до 100x, ги доближува далечните објекти со неверојатна јасност, овозможувајќи одлични фотографии дури и од далечина.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-03.jpg

„Моментално се разигрувам со Generative Edit опцијата која што овозможува во некои слики каде што фали дел од сликата, да го предвиди и да го додаде. Тука буквално ме купија кога дознав дека има Generative Edit, а воедно морам и да го спомнам  S Pen-от кој искрено прво време не го користев, но кога почнав сфатив за што станува збор и сега веќе неможам без него“.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-01.jpg

Но не се само камерите оние кои го прават Galaxy S24 Ultra извонреден уред за сите ваши обврски или задоволства во секој дел од денот, или ноќта. Со Galaxy AI* бројни функции се надградени, како и некои новововедени, и токму тоа го прави овој уред еден и единствен. Од една страна, со овој телефон можностите за пишана и говорна комуникација нудат бројни и далеку подобри  начини за  писмено изразување или пак сумирање на информации. Од друга страна, се отвори нова врата кон светот на пребарувањето овозможувајќи оваа активност да се остварува со гестикулација, а резултатите да ги гледате на екранот за помалку од секунда.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-02.jpg

„Освен со унапредениот систем на камери, има една многу интересна опција, која што не е нова, но Samsung како компанија ја направија да биде попристапна, а тоа е Circle to Search with Google опцијата која што со еден допир може да ви пронајде многу работи. Станува збор за опција која ќе ви ги олесни маките ако во случај барате нешто конкретно и преку неа со задржување на home копчето и заокружување на предметот или било која работа,  ве поврзува на интернет и ви го наоѓа бараното нешто во дел од секунда“.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-04.jpg

Покрај фотограското исклучително искуство и комуникација на ново унапредено  ниво кои ќе ви ги пружи Galaxy S24 Ultra, и сето тоа во најголем дел благодрение на вештачката интелигенција на самиот уред, исто така треба да се истакнат и гејминг перформансите поради кои овој телефон е врв за мобилно гејминг искуство.

tasko-galaxy-s24-ultra-e-telefon-koj-moze-se-07.jpg

Целосно ќе уживате со оптимизираните мобилни игри по ваш вкус, каде сè е живописно и зачудувачко на најсветлиот екран на Galaxy досега. Стаклото Corning® Gorilla® Armor ги намалува рефлексиите и ја подобрува визуелната јасност дури и при директна сончева светлина, додека напредниот Vision Booster го засилува контрастот и боите, обезбедувајќи кристално чист екран. Моќта што ви треба за секоја игра се наоѓа во побрзата обработка: Зголемени перформанси на NPU за 41%, на графичкиот процесор за 30% и на процесорот за 20% во споредба со претходниот модел, а  проширената комора за пареа ефикасно ја регулира топлината, спречувајќи прегревање. Батеријата со голем капацитет обезбедува до 30 часа играње, обезбедувајќи вашите авантури да траат цел ден.

Погледнете го краткото видео на Таско каде што тој ги издвојува трите најдобри работи кои му се допаѓаат кај Galaxy S24 Ultra, за кој тој вели дека е „тотален ЅВЕР од мобилен“!

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg