Иновативниот уред IQOS од денес e достапен и во Сарај Мол

Во рамките на трговскиот центар Сарај Мол (ул.2, број 6) отворена е нова продавница IQOS -Поп-Ап, уште едно место во главниот град каде е достапен иновативниот уред што го загрева, а не го гори тутунот.

inovativniot-ured-iqos-od-denes-e-dostapen-i-vo-saraj-mol-01.JPG

Со отворање на новата IQOS продавница, чие работно време е од вторник до недела од 14:00 до 20:30 часот, се проширува мрежата на достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на технологија за загревање, наместо согорување на тутунот.

inovativniot-ured-iqos-od-denes-e-dostapen-i-vo-saraj-mol-02.JPG

Бренд семејството IQOS ILUMA вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија на индукциско загревање. Сите три модели на уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претствува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

inovativniot-ured-iqos-od-denes-e-dostapen-i-vo-saraj-mol-03.JPG

Во рамките на IQOS продавницата, покрај тоа што можат да ги купат уредите, сите полнолетни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, можат да се запознаат и да дознаат повеќе за нив, нивното користење и напредната технологија, a за постоечките корисниците се достапни и услугите како купување аксесоари, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

Најчитани неделава