Река од подароци за Денот на жената во dm

Денот на жената, 8 Март, е празник во кој ја славиме еманципацијата на жените и нивната незаменлива улога во општеството. Секоја жена заслужува внимание и грижа во текот на целата година, но на овој ден особено треба да се посвети внимание на тоа.

reka-od-podaroci-za-denot-na-zhenata-vo-dm-01.jpg

Без разлика дали сте маж или жена, нема подобар начин да ја искажете својата благодарност од одбирање на совршен подарок за нив.  

Секоја жена е посебна и уникатна и секоја посакува различни нешта. Но, во листата на желби на речиси сите, исто така, се производите на dm. Огромната понуда на парфеми, шминки, подарок сетови и многу други производи за грижа и нега се дел од желбите и сигурно нема да погрешите доколку се решите за ваков подарок. 

reka-od-podaroci-za-denot-na-zhenata-vo-dm-02.jpg

Секако, кога подарувате, не можете да знаете кои производи ги преферираат, па токму затоа е одлична идеја да одберете од подарок ваучерите на dm со кои тие ќе можат да поминат долго време меѓу рафтовите и да го одберат токму она што им се допаѓа. 

Подароци за сите жени и од dm  

Како компанија која се грижи за своите купувачи, тие нема да пропуштат и сами да ја изразат благодарноста! На Facebook страната на dm од 3 март ќе може да учествувате во голем giveaway и да го освоите совршениот подарок! 

reka-od-podaroci-za-denot-na-zhenata-vo-dm-03.jpg

Дополнително, во наредниот период ќе бидат ангажирани инфлуенсери и експерти за убавина кои ќе пренесат професионални совети, препораки и идеи за подароци во овој период, но и ќе ви помогнат да ги искористите најдобро некои од најпопуларните производи достапни во dm. 

Секоја дама заслужува да добие внимание за Денот на жената, а dm ќе се потруди да се случи токму тоа. Подгответе се навремено со подароци во периодот пред 8 Март, а на самиот ден, секоја жена нека ги посети продавниците на dm, за заеднички да го прославиме празникот. 

Најчитани неделава