Многу насмеани детски лица: Се одржа „Поточиња 2025“

Изминатиов викенд (12 и 13 април) во Филхармонија по 22. пат се одржа детскиот фестивал „Поточиња“. Најавените шест претстави беа исполнети до последното место со насмеани и распеани деца кои со многу еуфорија и емоција на првите тактови на популарната фестивалска химна ги пречекаа децата - учесници на големата сцена.

mnogu-nasmeani-detski-lica-se-odrzha-potochinja-2025-01.JPG

Маскотата – водителот Поки (актерот Мартин Јорданоски) веднаш ја крена публиката на нозе и со првата песна „Дајте сите рачиња“ се разлеа громогласен аплауз. Се редеа новите 17 песни од фестивалскиот репертоар, а вниманието на детската публика не изостана до самиот крај на фестивалот. Последната песна, „Стоп за војните“, испрати искрена детска порака за поубав свет.

mnogu-nasmeani-detski-lica-se-odrzha-potochinja-2025-2.JPG

mnogu-nasmeani-detski-lica-se-odrzha-potochinja-2025-03.JPG

„Поточиња 2025“ имаше и хуманитарен карактер. Целиот приход од продадената дискографија на фестивалските денови, како и дел од средствата обезбедени од продажба на билетите ќе биде дониран за настраданите во несреќата во Кочани.

mnogu-nasmeani-detski-lica-se-odrzha-potochinja-2025-04.JPG

mnogu-nasmeani-detski-lica-se-odrzha-potochinja-2025-05.JPG

Новите песни изведени на „Поточиња 2025“ веќе се објавени на Youtube каналот Potocinja и истите може да се слушнат на следната плејлиста:

.

Најчитани неделава