Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години кон иднина без чад - вака Philip Morris International (PMI) одбележува една деценија стратешка деловна трансформација со објавувањето на својот шести Интегриран извештај за одржливост.

deset-godini-transformacija-philip-morris-international-go-objavi-izveshtajot-za-odrzhlivost-za-2024-godina-01.jpg

Интегрираниот извештај ја опишува стратегијата на компанијата, бизнис моделот и резултатите поврзани со производите („што“ компанијата произведува) и оперативните перформанси („како“ работи компанијата). Извештајот го опишува пристапот на PMI кон одржливост преку пет стратешки столбови: усогласеност и управување со ризик, оперативна ефикасност, иновации, продуктивно влијание и транспарентност.

„Ова е важен момент за нас – десет години откако воведовме производи без чад како IQOS, VEEV и ZYN. Денес, имаме околу 38,6 милиони возрасни корисници ширум светот, а производите без чад се присутни на 95 пазари и сочинуваат приближно 39% од нашите вкупни приходи“, рече Јацек Олчак, извршен директор на PMI. „Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат - дека трансформацијата на бизнисот може и мора да оди рака под рака со создавање долгорочна вредност за општеството."

Клучни резултати за одржливост за 2024 година::

  • 6 пазари каде што повеќе од 75% од приходите доаѓаат од производите без чад
  • 14+ милијарди долари инвестирани во научен развој и верификација на производи без чад од 2008 година.
  • 99% од индиректната малопродажба е покриена со програми за спречување на пристап на малолетни лица до тутунски и никотински производи
  • 0,01% забележани случаи на детски труд меѓу одгледувачите кои снабдуваат тутун за PMI
  • 99% од одгледувачите остваруваат приходи што овозможуваат достоинствен живот
  • 61% од производните капацитети имаат сертификат за јаглеродна неутралност

Компанијата исто така објави дека за серијата IQOS ILUMA и уредите се објавени првите EPD декларации, кои се усогласени со меѓународните стандарди. EPD е документ кој обезбедува транспарентни информации за еколошкиот влијание на производот низ неговиот животен циклус, вклучувајќи го производството, употребата и отфрлањето.

Интегрираниот извештај е подготвен во согласност со водечките меѓународни стандарди за известување за одржливост (GRI, ISSB, SASB), а напредокот се мери преку PMI Sustainability Index - алатка која обезбедува јасен, објективен и конзистентен увид во постигнатите цели.

„Знаеме дека вистинскиот напредок се случува кога целите се и амбициозни и реални. Нашиот Индекс за одржливост ни помага паметно да ги поставиме тие цели и да ги мериме транспарентно, обезбедувајќи веродостојно известување“, истакна Џенифер Мотлс, директор за одржливост во PMI. „Нашата посветеност на одржливоста е неразделна од иднината на нашиот бизнис, создавајќи опиплив ефект во рамките на нашата контрола и сфера на влијание и придонесувајќи за трансформација која ги надминува границите на нашата компанија.

Целиот извештај е достапен на линкот.

Најчитани неделава