„Простор за поддршка“ во Кочани: Психолози и психотерапевти нудат бесплатна помош преку групни работилници за справување со загубата
- Детали
- понеделник, 28 април 2025
Те боли, ама не знаеш што да кажеш? Не си сам/а.
По она што се случи во Кочани, многу млади се чувствуваат изгубено. Страв, тага, лутина, празнина – и чувство дека никој не разбира.
Затоа, ова не е обично предавање или совети „како да се справиш“.
Ова е простор за вас – заеднички, тивко или гласно, со други што се чувствуваат слично.
Од 10 мај, секоја сабота, ќе се одржуваат групни разговори и работилници за млади (14–25 години). Ќе има простор за разговор, стабилизација, поддршка, справување со емоции – со психолози кои знаат да слушаат.
Не мораш да зборуваш веднаш. Не мораш да објасниш сè. Дојди, само бидете таму.
Групата ќе го направи останатото.
Контакт за пријава или дополнителни информации:
📞 078 313 306
Целосно бесплатно. Доверливо.
Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот Центар Алтернатива – Групација Алтернатива.