Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во ТЦ Штип City Mall!

Повеќе од еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Штип City Mall заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 8 мај повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на  ул. Д.р Слободан Јовановски 2  во склоп на ТЦ Штип City Mall.

ushte-poubava-drogerija-na-staro-mesto-dm-ja-otvora-renoviranata-drogerija-vo-tc-shtip-city-mall-01.jpg

Оваа дрогерија беше затворена кон крајот на месец март, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија. 

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:  

 -15% попустнаАПСОЛУТНОСЀ 

Со секоја сметка над 500 денари ПОДАРОК гел за туширање од Balea; 

Со секоја сметка над 700 денари ПОДАРОК торба; 

Со секоја сметка над 1.999 денари ПОДАРОК чадор. 

Покрај попустот од -15% попустнаАПСОЛУТНОСЀ  кој ќе трае 4 дена (8.5 – 11.5.2025), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ. 

Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип.

Подгответе ги списоците за пазарување и посетете ја разубавената dm дрогерија на 8 мај!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg