Сташа Божиновска со изложбата „ДУМА“ во Тирана: накит инспириран од зборот, во чест на македонскиот јазик
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана беше претставена изложбата „ДУМА“ на дизајнерката Сташа Божиновска – колекција на уникатен накит инспириран од македонската азбука и лексичкото наследство.
Изложбата беше дел од свечената програма по повод 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука, клучен момент во процесот на официјализација и стандардизација на македонскиот јазик.
Колекцијата „ДУМА“ ги оживува подзаборавените зборови – како „Абер“, „Бакнеж“, „Ѕуница“, „Џагор“ – преку дизајнерски јазик што ги претвора зборовите во симболични парчиња накит од сребро. Преку спој на современи форми и традиционална естетика, проектот „Азбучен споменар“ го става македонскиот збор во срцето на визуелната уметност.
Настанот беше организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, Културно-информативниот центар во Тирана и Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот во Тирана