Финансиски писмен и фин: запознајте го ФинФлуенсерот на Халкбанк
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
Вистински финансиски совети на вистински разбирлив начин токму кога се неопходни – нов забавен формат на пренесување совети од Халкбанк што пари значат
Изминатите недели низ социјалните медиуми циркулира искрено, симпатично и непосредно објаснување за важни животни лекции од Халкбанк, кои секој би сакал да ги знае претходно, односно многу порано пред да донесе некоја значајна финансиска одлука. Во овие кратки инстаграм-видеа, главниот херој, т.н. ФинФлуенсер, на неверојатно прониклив, хумористичен начин и финансиски јазик разбирлив за сите наоѓа формула како да пренесе важни пораки до македонската јавност:
Од совети за совесно размислување при работење со сопствени пари, паметно инвестирање, преку совети за штедење, сè до поуки за препознавање лажни пораки и опасни линкови при е-трансакции, ФинФлуенсерот – кој во серијалот го игра младиот актер Антонио Ташковски, e модерниот лик чии совети го разбиваат митот дека финансиската писменост претпоставува комплициран и долг процес на учење. Овој формат на пренесување совети што се од клучно значење за индивидуалната и семејна финансиска иднина, на краток и сладок начин директно стигнува до поентата што треба да биде пренесена.
„Лични финансии, планирање трошоци, инвестирање и штедење – големи сложени изрази за навистина едноставни нешта – грижа за иднината и одговорност за себе. Нашето општество, особено младите треба да ја знаат суштината зад финансиската писменост. Иднината е во знаењето – а знаењето е јавно општествено добро што ние во Халкбанк посветено, трпеливо и на креативен начин го споделуваме со секој од вас. Само финансиски писмена заедница е силна заедница“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
Погледнете го серијалот видеа ФинФлуенсер на социјалните медиуми на Халкбанк.