5 години ДИМАС: Разговор со Ивана Димковска за квалитетот, визијата и довербата зад македонскиот бренд

По повод пет години од основањето на ДИМАС, разговараме со ко-основачката Ивана Димковска. Брендот кој започна како одговор на потребата за чисти и природни додатоци денес е присутен и надвор од границите на Македонија – и постојано расте.

5-godini-dimas-razgovor-so-ivana-dimkovska-za-kvalitetot-vizijata-i-doverbata-zad-makedonskiot-brend-004.JPG

Во продолжение, Ивана споделува што стои зад успехот, кои се принципите на кои не прават компромис и зошто се гордеат со секој производ што излегува под името ДИМАС.

Како започна приказната на ДИМАС?

Идејата за ДИМАС се роди од нашата потреба за суплемент кој ќе го надополни нашето здравје, а притоа ќе биде чист, природен и проверен. Во 2020 година, на домашниот пазар немаше достапен колаген кој е 100% чист, без додадени состојки, и тоа беше клучниот момент кога сфативме дека постои реална потреба – не само кај нас, туку и кај многу други луѓе.

На пазарот сè почесто се среќававме со производи кои изгледаат привлечно, но зад амбалажата недостасуваше содржина што навистина служи за својата функција. Сакавме да создадеме нешто што не се води од трендови – туку носи вистинска вредност, и за нас и за нашите потрошувачи.

Кои беа почетните принципи и дали тие останаа исти?

Да, и денес стоиме зад истите принципи. Најважно ни е клиентите точно да знаат што внесуваат во своето тело. Без скриени состојки, без маркетиншки трикови. Само чисти, природни формули од реномирани и сигурни извори. Секоја серија на производи поминува низ внимателна проверка – затоа што довербата со потрошувачите не се гради преку ноќ, но може многу лесно да се изгуби.

5-godini-dimas-razgovor-so-ivana-dimkovska-za-kvalitetot-vizijata-i-doverbata-zad-makedonskiot-brend-003.JPG

Зошто токму колаген и колострум?

Колагенот и колострумот не се трендовски суплементи – тие се основа. Колагенот го одржува ткивото, кожата, зглобовите, косата. Колострумот е природна поддршка за имунолошкиот систем, варењето и целокупната регенерација. Сакавме да понудиме верзии кои се 100% чисти – без додадени витамини, шеќери или ароми – и достапни за секојдневна употреба.

Потеклото на суровините игра клучна улога кај вас. Може ли да ни кажете повеќе?

Апсолутно. Тоа е нешто на што сме особено горди.

🔹 Колагенот што го користиме е со потекло од Италија, произведен во фабрика со над 55 години традиција, која извезува во 52 земји низ светот. Тоа е една од водечките европски лаборатории за колагенски пептиди.

🔹 Колострумот што го нудиме е со потекло од Холандија, земја со високи стандарди во млечната индустрија и исклучително контролирани услови за добивање на овој природен дар.

Оваа прецизна селекција е директен одраз на нашата мисија: секој клиент да добие производ кој ја носи најдобрата верзија од природата – поддржан од наука и со гарантирана ефикасност.

5-godini-dimas-razgovor-so-ivana-dimkovska-za-kvalitetot-vizijata-i-doverbata-zad-makedonskiot-brend-002.JPG

Денес сте присутни и надвор од Македонија. Каде сè ве има?

Во изминатите 5 години, ДИМАС се прошири на неколку пазари надвор од Македонија. Нашите производи денес се достапни во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Тоа е потврда дека квалитетот не познава граници и дека довербата може да се пренесе од човек на човек, од пазар на пазар.

Што ве издвојува од останатите?

Најмногу – транспарентноста. Додека некои производи имаат „скриени состојки“, ние решивме сè да биде транспарентно:

🔸 Нема додадени витамини.

🔸 Нема засладувачи, бои, ароми.

🔸 Нема маркетиншки трикови – само чист производ кој вистински функционира.

Дополнително, се грижиме и за начинот на кој нашите производи стигнуваат до потрошувачите. Пакувањето на ДИМАС производите е направено од материјал кој може 85% да се рециклира, со фокус на одржливост и еко-свесност. Тоа е уште еден чекор во нашата определба – да се грижиме не само за здравјето на луѓето, туку и за животната средина.

Сакаме клиентите да го почувствуваат ефектот – но и да имаат доверба уште пред да го отворат пакувањето.

5-godini-dimas-razgovor-so-ivana-dimkovska-za-kvalitetot-vizijata-i-doverbata-zad-makedonskiot-brend-03.JPG

Што следи за ДИМАС?

Ќе продолжиме по патот по кој започнавме – без компромиси, со уште поголема љубов и одговорност. Нашата визија останува иста: да нудиме природни, чисти и ефективни производи кои навистина прават разлика.

Во исто време, веќе активно работиме на проширување на палетата со внимателно одбрани, природни производи кои ќе одговорат на реалните потреби на нашите корисници.

Покрај производите, веруваме дека едукацијата е подеднакво важна. Сакаме да им помогнеме на луѓето да го разберат своето тело и да донесуваат информирани одлуки. Љубопитноста за сопственото здравје е најубавата мотивација – и ние сакаме да бидеме поддршка на тој пат.

И за крај – зошто ДИМАС?

Затоа што е создаден со јасна цел: да се вратиме на суштината.

Во ДИМАС, особена гордост ни претставува испораката на 100% природни производи, направени со внимателно одбрани суровини, од врвни меѓународни производители, за луѓе кои сакаат да вложуваат во своето здравје со доверба.

Нашата мисија е едноставна: да понудиме нешто што вреди. Секој ден. За секој човек.

Благодариме што сте дел од нашата приказна.

5 години ДИМАС – растеме заедно.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg