Стефан Лазаров: „Јас сум мега урочен - толку лоши работи на никој не му се случиле изминативе години“

Нова епизода на Нешто Конкретно за првпат донесе кукла во студио – симбол на молк, протест или бесрамност? Кога гостин е Сергеј Варошлија, тогаш сè е можно.

stefan-lazarov-jas-sum-mega-urochen-tolku-loshi-raboti-na-nikoj-ne-mu-se-sluchile-izminative-godini-03_copy.JPG

Овој необичен формат беше надополнет со најпопуларниот јутјубер во земјава, Стефан Лазаров, и барменот Вања Головски, кои заедно со водителката Снеже отворија дебата на тема: Каде исчезна срамот и што значи да имаш образ денес?

Веднаш на почетокот, водителката праша директно:

„Дали сме нормални што како возрасни луѓе седиме со кукла во студио – или треба да бидеме забранети?“, на што Сергеј Варошлија, одговори „Татко ми беше претседател на Советот за радиодифузија во Македонија – во негово време вакви работи ќе поминеа. Ама пред него, ќе нè цензурираа уште пред да почнеме.“

Темата брзо се префрли на општата култура.

„Тој што нема општа култура секогаш доаѓа до израз – најмногу,“ коментираше Лазаров, алудирајќи на состојбата на медиумската сцена и деградацијата на вредности.

Следеше дилемата: Дали денес е културно да бидеш гласен? Или само најгласните се слушаат?

Барменот Вања даде доза иронија: „Сергеј е културно некултурен во своите критики – бидејќи за некои луѓе, веќе ништо друго не допира“.

Во својот стил, Варошлија се осврна и на „уроците“ од животот, а Стефан Лазаров искрено призна:

„Јас сум мега урочен – толку лоши работи на никој не му се случиле изминативе години“, посочувајќи на судски процеси, загубите и лични падови.

stefan-lazarov-jas-sum-mega-urochen-tolku-loshi-raboti-na-nikoj-ne-mu-se-sluchile-izminative-godini-01_2.JPG

Епизодата не ја избегна ни темата како сензационализам и гледаност, а со доза на бесрамност:

„Ако сакаш да бидеш најгледана – однесувај се како Јована Јеремиќ,“ ѝ предложи Лазаров на Снеже, на што таа одговори: „Срам ми е“.

Но прашањето остана да виси: Дали сè уште вреди да се биде нормален и пристоен – кога непристојноста се монетизира? Односно сè се сведува на кеш и лајкови - заклучи Снеже

Сергеј беше дециден:

„Технологијата оди напред, ама ние – ние како луѓе целосно се уназадуваме“.

И потоа со својата класична доза апсурдност му дофрли на Лазаров:

„Ај да водиш поткаст во гаќи – уште повеќе ќе те гледаат“.

А Лазаров возврати: „Земете ми сè – само образот не!“

И токму тука лежи суштината на оваа епизода: Дали образот денес уште вреди нешто? Или срамот, навистина… ја продал куќата?

На крај, пак Варошлија даде и стилски совет со своја метафора:

„Ако носите тенеќе накит – ќе мирисате на клучеви. На паричка. На кусур. На ситно“.

Погледнете ја новата епизода „Каде исчезна срамот?“ на Нешто Конкретно – веќе достапна на Јутјуб:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg