Златни покани се прошируваат низ луѓе во Скопје на отмен начин - која е мистеријата зад нив?
- Детали
- петок, 09 мај 2025
Последниве неколку дена, во Скопје се зборува за мистериозни златни покани кои кружат низ градот, а ги добија и многу инфлуенсери на социјалните мрежи, преку отмено дотеран курир, кој ја носи поканата во кутија со загатка, како и со букет цвеќе. Изгледаат интересно, будат љубопитност, но не откриваат многу. Овие покани, иако златни, не појаснуваат која е нивната намена.
Златните мистериозни покани пристигнуваат до своите приматели со специјална испорака. Покрај нив има и писменце, кое повторно, самото по себе е целосна мистерија.
Писменцето се состои од интересен текст што наликува на љубовно писмо, но не можеме да сме сосема сигурни во инспирацијата позади него бидејќи е всушност составено од неколку загатки.
На крајот стои покана за добредојде, која веројатно соодвествува на одговорите на загатките. Писменцето е покана за примателот на златната покана - да ја разоткрие оваа енигматична порака, за да ја разбере и намената на самата покана.
Самата златна покана нема многу текст, но има QR код кој води до страна која зборува за некаков тип на церемонија…
Мистерии има многу, но одговорот е еден, а се чини дека овие златни покани многу внимателно истиот го кријат.
Со цел да стигнеме до финалниот одговор кој го заслужуваат сите, будно ќе ги следиме следните траги кои би можеле да откријат каде нè водат златните покани.
Миа Костова, Сим Салтирова, Стефани Цветанова, Калтрина Круезиу се само дел од познатите личности на социјалните мрежи, кои ги добиваат овие покани на еден многу отмен начин, но и тие самите треба да откријат за што точно станува збор.