Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани
- Детали
- понеделник, 12 мај 2025
Ако овие неколку денови размислувавме за тоа каде би можеле да водат златните покани кои се проширија низ Скопје и со тоа започнаа многу разговори во светот на модата, сега официјално го имаме и одговорот на прашањето. Како и вие да се пријавите на списокот на гости на овој отмен настан со гламурозен дрескод и да добиете златна покана?
Златните покани, се официјалните покани за првиот ексклузивен свадбен саем The Haute Wed Gala организиран од страна на Atelier Per Sempre и Signori, а како главен спонзор Смарагд и Божиновски часовници и накит, кое ќе се реализира на 29-ти мај оваа година во Шато Камник.
Самиот настан уште од својот почеток ја наговестуваше својата ексклузивна природа со мистериозните покани кои неуморно беа доставувани на отмен начин до познати личности.
Сега, официјално дознаваме дека настанот има за цел да промовира голем број на македонски брендови и брендови кои работат во Македонија, а помагаат да се финализира сечие свадбено искуство.
Саемот треба да ја долови умешноста да се поврзат практичноста и желбите на секоја вљубена двојка која го планира својот голем настан.
Целта на саемот е да се овозможи и во нашата земја да се создаваат бајковити венчавки кои ќе бидат финализирани од страна на домашните брендови.
Оттука и самиот настан во Шато Камник, кој всушност на посетителите ќе им ја долови свадбената атмосфера на едно поразлично ниво.
Посетителите ќе имаат прилика да проследат ексклузивни содржини инспирирани од љубовта, заедништвото и свадбените церемонии.
Покрај златните покани кои се официјалниот документ за посета на настанот, The Haute Wed Gala има отворен, но лимитиран список за посетители.
Сите оние кои го планираат овој голем настан во својот живот, имаат можност да се приклучат на списокот за гости, од кои потоа ќе биде селектиран одреден број на посетители кои ќе ја добијат својата златна покана.
Она што треба да го направите за да станете дел од списокот на потенцијални посетители е да ја посетите веб страната и да ја пополните достапната форма за пријавување.
Бидејќи списокот е од затворен тип, само оние кои ќе добијат официјална потврда од организаторите ќе имаат право да присуствуваат на настанот.
Важно е да се напомене дека за избраните гости има и посебен дрес код, односно сите се повикани да ги покажат своите најелегантни парчиња облека кои би соодветствувале со балската продукција на самиот настан.
Ние искрено се радуваме на повеќе вакви настани кои ја слават креативноста и љубовта и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледа овој ексклузивен свадбен саем.
Кликнете за да го погледнете видеото: