Ивана Петревска од Шпаркасе Банка: „Прв до врв е еден од нашите најдраги проекти – тоа е настан што ги зближува луѓето“

„Вработените во Шпаркасе Банка имаат клучна улога во успехот на платформата Sparkasse Life. Активното учеството на нашите вработени во различни иницијативи, не само што ги инспирира останатите да се ангажираат за доброто на заедницата, туку и да направат промени во сопствениот живот. Како главен спонзор на „Прв до врв“, нашата цел е да создадеме простор каде секој може да учествува, да се предизвика себеси и да се почувствува дел од една голема заедница за здрав начин на живот“ - вели Ивана Петревска, Директор на дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

ivana-petrevska-od-shparkase-banka-prv-do-vrv-e-eden-od-nashite-najdragi-proekti-toa-e-nastan-shto-gi-zblizhuva-lugjeto_01_copy.JPG

Шпаркасе Банка е екосвесна компанија која преку својата платформа Sparkasse Life се заложува за заедницата и работи на многу проекти кои помагаат за подобра иднина во различни области од животот. 

Во пресрет на еден од најголемите спортски настани во Македонија, Прв до Врв 2025, на кој Шпаркасе Банка е главен спонзор, разговараме со нивен претставник на оваа тема. 

Ивана Петревска, Директор на дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка зборува за нивната платформа, како таа функционира, на какви проекти работат како компанија, колку нивните вработени се вклучени во тоа, но и зошто се одлучиле да го поддржат токму Прв до Врв. 

Целото интервју за CRNOBELO.com прочитајте го во продолжение... 

Како платформата Sparkasse Life ви помага да се заложите за заедницата, на какви проекти работите и на кој начин функционира истата?

Платформата Sparkasse Life игра клучна улога во реализацијата на стратегијата за општествена одговорност и одржливост на Шпаркасе Банка.

Таа обединува различни иницијативи и активности што се фокусирани на 4 клучни стожери на делување и тоа: грижа за животната средина, финансиска едукација, грижа кон заедницата и грижа кон вработените.

Еден од најзначајните аспекти на Sparkasse Life платформата е нејзината способност да мобилизира ресурси и ангажира вработени и партнери во реализирање на проекти кои директно влијаат на заедницата.

Со ова не само што го намалуваме негативното влијание на животната средина, туку и активно се заложуваме за изградба на одржливи и здрави заедници.

Платформата Sparkasse Life на Шпаркасе Банка ја користи силата на колаборација – здружените сили на вработените во Банката и на нашите соработници, па така сите работиме заедно со една единствена цел да создадеме позитивни промени.

Со голем број на проекти, работилници и едукативни програми, ја подигнуваме свеста за важноста на одржливото живеење и работење, а со тоа го поттикнуваме секој поединец да се вклучи во процесот на подобрување на заедницата.

Колку и како вашите вработени се вклучени во оваа ваша цел на платформата? Дали се случило работата во банката и вклученоста во овие активности, да промени целосно нечиј живот и навики на позитивно, за да биде усогласен со општествената одговорност која ја промовирате?

Вработените во Шпаркасе Банка имаат клучна улога во успехот на платформата Sparkasse Life. Активното учеството на нашите вработени во различни иницијативи, не само што ги инспирира останатите да се ангажираат за доброто на заедницата, туку и да направат промени во сопствениот живот.

Платформата овозможува создавање на култура на општествена одговорност во рамките на самата организација и овие активности не само што ги зближуваат вработените, туку често водат до трајни промени во нивниот начин на живот.

Тука ќе ја споменам нашата програма Life Амбасадори преку која ги истакнуваме позитивните Life приказни на нашиот тим.

Секој од нив со својата приказна е вистински Life поттикнувач на промени во нашата заедница! Често се случува тие да покренат одредена иницијатива со која ќе поттикнат и други нивни колеги, пријатели, роднини или познаници да се вклучат во истиот процес.

ivana-petrevska-od-shparkase-banka-prv-do-vrv-e-eden-od-nashite-najdragi-proekti-toa-e-nastan-shto-gi-zblizhuva-lugjeto_04.jpg

Со какви предизвици најчесто се соочувате во обидот да се изборите за подобра иднина преку промоција на спортот и на здравите животни навики, како и на стратегијата за одржливост, со помош на вашата платформа?

Морам да бидам искрена дека нашиот тим и нашите партнери се навистина посветени кон работа за подобра работна и животна средина, а со таков тим и соработници – предизвиците кои наидуваат во текот на активностите се само уште еден начин да ја зајакнеме нашата заедничка сила.

Упорноста мора да биде ваш најголем адут. Кога создавате промени кои имаат за цел да сменат нечие однесување, особено тоа ако се однесува за промена на одредена навика како што е промена на начинот на селектирање отпадоци, промена на начинот на управување со електричната енергија или на пример промена кон лични активности за започнување ново хоби за активен здрав живот, се исклучително долг период.

Потребно е време за луѓето да ги прифатат и имплементираат овие навики во секојдневниот живот. Затоа вашата упорност, упорноста на вашиот тим и соработници се главните ресурси кои ви се потребни.

Мали чекори, кои на долг рок даваат големи резултати.

На кои проекти од платформата сте најгорди и зошто?

Ќе ви раскажам за три клучни активности на кои сме фокусирани, а воедно и најгорди за целосниот импакт кој го создадоа.

Кога велиме „Веруваме во заедницата и во подобра иднина“, мислиме на тоа дека Шпаркасе Банка во минатата година има постигнато 10% намалување на употребата на хартија на ниво на сите нејзини деловни простории во државата.

Покрај тоа, имаме поставено 4 фотоволтаични системи во четири градови и 3 станици за полнење на електрични автомобили во Скопје и Охрид кои користат енергија токму од тие фотоволтаични системи инсталирани на деловните згради на Банката.

Иницијативата за одржливо работење, не застанува тука – имаме 2 комплетно енергетско независни експозитури, а 15% од возниот парк на Банката се состои од електрични и хибридни возила.

Верувањето во нашата заедница е признаено и од пазарот. Ние сме лидери во финансирање на зелени проекти со повеќе од 40% удел и комплетна посветеност од нашиот тим експерти, а за тоа доказ е и нашата награда „Award of Excellence“ за придонес во GEEF програмата како Банка партнер на Европската Банка за Обнова и Развој.

Овој начин на работа е наше секојдневие и секоја година си задаваме нови цели за постигнување.

Втората активност на која работиме е едукација на нашите соработници во делот на воспоставување иницијативи за одржливо работење во рамки на нивните компании.

Тоа е тековен проект преку кој нашиот тим одговорен за ESG стратегија во склоп на Sparkasse Life платформата, нуди комплетна едукација на нашите партнери и тоа преку интерактивни работилници се обучуваат како на правилен начин да ја создадат нивната стратегија за одржливо работење од секој аспект.

Третата активност – е промоција на здрави навики. Тука е еден од нашите најдраги проекти на ниво на цела Банка – „Sparkasse Life Прв до врв“.

Колку што целиот наш тим секоја година одвај ја чека оваа иницијатива, толку ние имаме поголема мотивација за воведување новитети секоја година.

Зарем има нешто поубаво кога ќе видите стотина колеги на едно место како создаваат лични и колективни промени?

ivana-petrevska-od-shparkase-banka-prv-do-vrv-e-eden-od-nashite-najdragi-proekti-toa-e-nastan-shto-gi-zblizhuva-lugjeto_02.JPG

Кога и како се одлучивте да ја поддржите како главен спонзор спортско-планинската манифестација „Прв до врв“ која традиционално се одржува на Водно? Какви се резултатите и колку ги надминаа вашите очекувања?

Преку платформата Sparkasse Life, Шпаркасе Банка постојано поддржува иновативни проекти, поединци и групи.

Со оглед на тоа дека во нашата банка сме посветени на поддршка на настани што промовираат спорт, здрав начин на живот и чиста животна средина, силно веруваме во моќта на спортот да ги зближи заедниците и во придобивките од здравиот начин на живот како и важноста од зачувување на животната средина за идните генерации.

Затоа преку нашите спонзорства и партнерства, имаме за цел да ги охрабриме и да ги инспирираме поединците да водат активен и здрав живот и веруваме дека заедно можеме да направиме позитивно влијание врз нашата заедница, за подобра иднина на сите.

Минатата година, втора по ред под покровителство на Шпаркасе Банка, на наша огромна радост се одржа најмасовна планинска трка во земјата и во регионот, со рекорден број велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, со планинарење, трчање и возење велосипед ја искачуваа планината и се натпреваруваа за освојување на врвот.

Мотивацијата за овогодинешното издание на „Sparkasse Life Пв до врв“ е уште поголема, во освојување на нови тимски победи!

Зошто „Sparkasse Life Прв до врв“ е настан кој сплотува и како да се охрабрат да се пријават што повеќе спортски ентузијасти, но и оние кои не се професионално спортски активни или не се сигурни дали можат да успеат до целта?

„Sparkasse Life Прв до врв“ е многу повеќе од само спортска манифестација, тоа е настан што ги зближува луѓето од сите сфери на животот, без разлика на нивната физичка подготвеност или спортски искуства.

Нашата цел е да создадеме простор каде секој може да учествува, да се предизвика себеси и да се почувствува дел од една голема заедница која споделува заеднички вредности како што се спортот, здравиот начин на живот и поддршката за животната средина.

Силно веруваме дека ќе поттикнеме не само физичко, туку и ментално и социјално растење, каде што секој учесник, без разлика на резултатите, ќе може да почувствува личен успех и задоволство.

Овој настан ги мотивира учесниците да излезат од својата комфор зона и да ги поместат своите граници, а во исто време да бидат дел од нешто поголемо – да бидат дел од заедницата која ги споделува истите цели и вредности.

Без разлика на тоа дали сте професионален спортист, рекреативец или некој кој едноставно сака да се движи и да ужива во природата, секој учесник е важен и секој има свое место во оваа приказна.

Создавањето на трајни спомени, личниот напредок и чувство на исполнување по патувањето до врвот се главните цели кои го прават овој настан уникатен.

„Sparkasse Life Прв до врв“ не е само спортска манифестација; тоа е една платформа која обединува луѓе и инспирира, го промовира спортот како начин на живот и ги охрабрува сите да се грижиме за животната средина и да живееме активен и здрав живот.

Овој настан е пример за тоа како спортот може да создаде позитивни промени во животот на поединците и целите заедници, при што не се вреднува само успехот на крајниот резултат, туку и секој чекор и напор кој е вложен во патот до него.

ivana-petrevska-od-shparkase-banka-prv-do-vrv-e-eden-od-nashite-najdragi-proekti-toa-e-nastan-shto-gi-zblizhuva-lugjeto_03.JPG

Најчитани неделава