Сара Мејс: „Никогаш нема да се откажам од татковото презиме – тоа сум јас“

Во новата епизода на „Нешто конкретно“, гостинки беа четири жени, секоја со своја приказна, секоја со своја вредност и поглед на животот, а темата на која се дискутираше беше: Колку вреди жената и кој ја одредува нејзината вредност?

sara-mejs-nikogash-nema-da-se-otkazham-od-tatkovoto-prezime-toa-sum-jas-01.JPG

Добрила Ивановска-Чабриќ, 97-годишната пејачка и глумица која не се плаши да зборува за љубовта и бракот, ја сподели својата искрена приказна каде мајка ѝ сметала дека глумиците се к*рви и дека ако Добрила стане една од нив никогаш нема да си најде маж, па ја омажила на само 18 години.

Но, по 4 години Добрила се развела, но подоцна имало пресврт па вели: „Два пати се мажев за ист човек, затоа што не најдов подобар!“

Пејачката Ивона Јо, која неодамна јавно покажа дека го отстранила вишокот кожа откако ослабе, ни откри: „По операцијата за отстранување на вишокот кожа сфатив колку сум била несреќна претходно.“ 

sara-mejs-nikogash-nema-da-se-otkazham-od-tatkovoto-prezime-toa-sum-jas-02.JPG

Нејзината приказна е одраз на тоа како телесните промени можат да влијаат на нашата самопочит, но и како на крајот самопочитта е тоа што навистина нè прави среќни.

sara-mejs-nikogash-nema-da-se-otkazham-od-tatkovoto-prezime-toa-sum-jas-03.JPG

Сара Мејс пејачка, харфистка и кантавтор, која го задржала своето и го додала презимето на сопругот одговори: „Никогаш не би се откажала од презимето на татко ми – затоа и го додадов на сопругот.“

Давајќи осврт на семејните корени и како личната историја се спојува со партнерските односи, создавајќи нови вредности: „Не можам да се откажам од тоа што сум била!“

Преку овие четири жени и нивните приказни, дебатиравме за тоа што ја прави жената вредна – дали тоа е нејзината заработка, жртва, гласност или нешто друго? Дали модерната „алфа жена“ го изгуби зборот „дама“ и зошто зборот „домаќинка“ денес често се користи како навреда?

Погледнете ја новата епизода во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg