Aнела Ставревска Панајотова, Национален Парк Шар Планина: „Шар Планина – природно богатство кое мора да го зачуваме“

Шар Планина е еколошко срце на Македонија и нејзиното зачувување е од витално значење за здравјето на природата, општеството и иднината на целиот регион

anela-stavrevska-panajotova-nacionalen-park-shar-planina-shar-planina-prirodno-bogatstvo-koe-mora-da-go-zachuvame-001.JPG

„Националниот парк  Шар Планина претставува едно од највредните природни подрачја во Македонија и поширокиот Балкан. Неговата уникатност произлегува од извонредната комбинација на природни убавини, биолошка разновидност и геолошка комплексност.

Тие се една од најпрепознатливите карактеристики на паркот, формирани уште во времето на последниот ледник, вгнездени во плитки или длабоки циркови. Само во македонскиот дел на планината се наоѓаат околу 30 вакви езера, меѓу кои најпознати се Црно Езеро, Боговињско Езеро, Ливадичко, Големо Јажинско, и др. Овие езера не само што се еколошки значајни, туку претставуваат и живописни пејзажи кои привлекуваат туристи, фотографи и љубители на природата. Од Шар Планина извираат повеќе од 100 извори, а има 25 поголеми реки. Сите овие карактеристики претставуваат значаен дел од нејзиното хидролошко богатство“ - објаснува Aнела Ставревска Панајотова, раководител на одделението за заштита на природата во ЈУ Национален Парк Шар Планина.

anela-stavrevska-panajotova-nacionalen-park-shar-planina-shar-planina-prirodno-bogatstvo-koe-mora-da-go-zachuvame-01.JPG

Оваа планина, вели Ставревска е еколошко срце на Македонија и нејзиното зачувување е од витално значење за здравјето на природата, општеството и иднината на целиот регион. Токму затоа со воспоставување на Националниот парк, заштитата е подигната на многу повисоко ниво.

„Со воспоставувањето на паркот, се забрануваат активности кои ги загрозуваат видовите како што се: неконтролирано сечење и уништување на шуми, криволов, загадување на езерата и реките, недозволена градба итн. Воедно, паркот врши научен мониторинг, со помош на биолози и чувари на природата, што овозможува следење на популацијата и здравјето на видовите“ вели таа.

anela-stavrevska-panajotova-nacionalen-park-shar-planina-shar-planina-prirodno-bogatstvo-koe-mora-da-go-zachuvame-03.JPG

Пивара Скопје преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ потпиша Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Една од овие активности беше еко-акцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Шар Планина, која се одржа на 7 мај. Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“, собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат, кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.

„Ќе спроведуваме акции за чистење, ќе ја подобриме инфраструктурата на рекреативните зони и заедно ќе работиме за зголемување на еколошката свест. Дополнително, СКОПСКО изминативе месеци имаше кампања каде што со секое купено шише во стаклена амбалажа СКОПСКО или СКОПСКО SMOOTH со специјална етикета, се издвојуваше по 1 денар за поддршка на овие активности. Шар Планина е наша гордост. Да се погрижиме да остане и наша одговорност“ велат од Пивара Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg