Стокомак руши рекорди - македонските традиционални ајвар и бело сирење станаа хит во Србија

Македонскиот малопродажен синџир на маркети Стокомак, препознатлив по високиот квалитет и пристапни цени, продолжува со својата забрзана експанзија на српскиот пазар. По успешното отворање на првиот маркет во Пирот, компанијата го отвори и вториот продажен објект во Србија -  во градот Ниш.

stokomak-rushi-rekordi-makedonskite-tradicionalni-ajvar-i-belo-sirenje-stanaa-hit-vo-srbija-01.jpg

Голем број на граѓани на Ниш го посетија отворањето на вториот маркет на македонскиот синџир „Стокомак“ во Србија, што уште еднаш ја потврдува растечката популарност на брендот кај српските потрошувачи. Уште од раните утрински часови, маркетот беше преполн со посетители кои сакаа лично да се уверат во квалитетната и достапна понуда по која Стокомак е препознатлив.

За овој успех најзаслужни се македонските традиционални производи, како ајвар и бело сирење.

“Изненадени сме од големата побарувачка за сите производи, а особено за ајвар и белото сирење, вина и други македонски специјалитети” истакнуваат од компанијата.

stokomak-rushi-rekordi-makedonskite-tradicionalni-ajvar-i-belo-sirenje-stanaa-hit-vo-srbija-03.jpg

Судејќи по реакциите на потрошувачите, македонскиот ајвар, како и другите традиционални производи, играат значајна улога во растечката популарност на Стокомак во Србија.

Стокомак руши рекорди благодарение на својата стратегија, да нуди македонски производи кои се и квалитетни и ценовно достапни. Потребата за овие производи покажува дека македонската култура и храна имаат голема популарност и надвор од границите на Македонија.

Со ова се отвора важно прашање: дали македонските производи се подготвени за поширока конкуренција, надвор од Балканот?

stokomak-rushi-rekordi-makedonskite-tradicionalni-ajvar-i-belo-sirenje-stanaa-hit-vo-srbija-04.jpg

Првичните реакции од српскиот пазар сугерираат дека одговорот е „да“.

Огромниот интерес на српските потрошувачи дополнително ја потврдува сè поголемата доверба во македонскиот синџир на маркети- Стокомак, кој веќе важи за еден од водечките малопродажни синџири во Македонија.

„Особено сум задоволен и среќен што голем број жители на Србија ја препознаа нашата вредност и квалитетна понуда.

Отворањето на вториот маркет во Ниш е потврда дека сме на вистинскиот пат“, изјави Бојан Стојановски, одговорен за развој и пронаоѓање нови локации во рамки на компанијата.

stokomak-rushi-rekordi-makedonskite-tradicionalni-ajvar-i-belo-sirenje-stanaa-hit-vo-srbija-05.jpg

Во рамки на тековната експанзија, Стокомак активно подготвува нови малопродажни објекти во Лесковац, Панчево, Параќин, Бујановац, Бор, Врање и други градови низ Србија.

Стокомак нуди сигурен, квалитетен и ценовно достапен избор на производи за секое домаќинство.

Со секое ново отворање, компанијата го зацврстува својот статус како регионален бренд кој нуди вистинска вредност за потребите на потрошувачите.

Стокомак останува цврсто посветен на својата мисија — квалитет достапен за сите, сега и надвор од границите на Македонија.

stokomak-rushi-rekordi-makedonskite-tradicionalni-ajvar-i-belo-sirenje-stanaa-hit-vo-srbija-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg