Покана за приклучување кон акцијата ОДМОР ЗА ЕДНО СЕМЕЈСТВО од Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ - Скопје
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
Оваа година како и претходните години повторно организираме бесплатни одмори за семејства во социјален ризик, семејства со деца со посебни потреби, едно родителски семејства, семејства кои никогаш не биле можност да имаат одмор и никогаш ја немале можноста да се радуваат на летото.
Секое дете заслужува да се радува на летото, а многу семејства никогаш не ја имале можноста да уживаат во одмор. Помошта од сите страни е клучна за да им овозможиме на овие семејства да создадат убави спомени кои ќе ги паметат и да ја почувствуваат радоста и убавината на одморот. Ве повикуваме сите да се приклучите и да овозможете бесплатен одмор за едно семејство. Целата организација можете да ја погледнете преку нашата facebook страна Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце каде ги споделуваме сите информации во поглед на организирањето на бесплатните одмори и семејствата кои ги праќаме.
Дали можете да ни помогнете во оваа акција и годинава да испратиме што е можно уште повеќе семејства? Дали вие како компанија можете да се вклучите и да платите одмор за едно семејство? Дали може да ни понудите или платите превоз? Дали 7 дена уплатен одмор за едно семејство ќе влијаат на вашата финансиска состојба или ќе ве направат побогати во срцето? Дали можете обезбедите одмор за едно семејство?
Доколку Вашиот одговор е ДА сакаме да ве поканиме да се приклучите според Вашите можности и да ни помогнете во овозможувањето на бесплатни одмори за семејства кои не се во можност да заминат на одмор. Веруваме дека секој заслужува одмор, дека секое дете заслужува да се радува на летото заедно со своето семејството. Едно семејство чека на Вас и се надева дека токму вие ќе бидете дел од нивната среќа ова лето. Бидете радост за едно семејство, обезбедете одмор за едно семејство и помогнете ни да ги израдуваме заедно.
КАКО МОЖЕ ДА НИ ПОМОГНЕТЕ И ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО ОВАА ИНИЦИЈАТИВА? Донирајте одмор – Целта ни е да испратиме што е можно повеќе семејства на одмор во сезона. Доколку немате апартмани и не сте туристичка агенција можете да придонесете со донирање на средства преку нашата жиро сметка или директно со уплата на одмор во туристичките агенции на одмор за едно семејство. Секој мал придонес е од помош, а средствата ќе бидат употребени за организирање на одморите и обезбедување на потребните работи - превоз, храна, патничко осигурување, реквизити за на плажа..... Сите кои сакате да донирате тоа можете да го направите на следнава жиро сметка:
Здружение на граѓани Куќа на Среќата
200003824125567 - Стопанска банка АД Скопје
IBAN MK07200003825028637 SWIFT код; STOBMK2X
- Доколку поседувате апартмани за издавање може да донирате сместување во период од 7 дена и бидете дел од радоста на едно семејство. Понудете ги апартманите што ги издавате, понудете аранжман
- Осигурителни компании, мобилни компании, аптеки, маркети... помогнете ни да обезбедиме се што е потребно за еден одмор
- Помогнете ни да обезбедиме реквизити за децата, креми за сончање, мини аптека за децата...
Подржете ја иницијативата во рамки на вашите можности со повик кон останатите Ваши соработници, пријатели, клиенти... со цел да создадеме една заедничка мрежа со цел да израдуваме што е можно повеќе семејства.
Се надеваме дека ќе бидете дел од оваа иницијатива и дел од оваа кампања, ќе ни помогнете да ја реализираме со цел и да испратиме што е можно повеќе семејства на бесплатен одмор