Природна и ефикасна заштита од комарци за возрасни и деца - запознајте го MAPEZ спрејот
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
Потребата за природен штит од комарците се појавува по првите топли зраци. Затоа што во тие денови сè почнува да се буди - нашата желба за прошетки и патувања, но и природата, а со неа и комарците. Најмалку од се посакуваме нашите семејните излети во парк, одморот покрај море или попладневната седенка во дворот да ни го засени нивното постојано зуење. Особено кога покрај нас имаме бебе – нежно, чувствително и целосно зависно од нашата грижа.
Кај бебето нема компромис. Неговата кожа бара заштита што е подеднакво ефикасна и нежна. Заштита која е своевиден природен сојузник кој не го нарушува нејзиниот баланс, а успешно ги држи инсектите на дистанца.
Mapez на PHARMALIFE, во Македонија го увезува Галеника. Од таму велат дека станува збор за посебно формулиран производ, на природна основа што може да го користи целото семејство, па и бебињата уште од првиот ден по раѓањето.
Спрејот е комбинација на природни состојки што ослободуваат интензивен мириз, и кои го претвораат во тивок чувар на летните авантури. Во неговиот состав има масло од сладок бадем со богат букет од есенцијални масла: здравец, маточина, лаванда, лицеа и нане. Есенцијалните масла ослободуваат интензивен мирис кој е многу пријатен за луѓето, но непријатен за инсектите, истиот трае долго време. Оваа пријатна и освежителна комбинација за сетилото за мирис, која е ноќна мора за инсектите, е наменета за сите, возрасни и деца, кои преферираат да користат 100% природни производи.
Ефикасната формула ги остава бебињата и децата заштитени и слободни да го истражуваат светот околу себе. Кога ќе се нанесе на кожата делува долго, а нежната текстура се апсорбира лесно, без да ја направи кожата леплива.
Репелентот, како невидлива магична обвивка, треба да биде дел од летната рутина на секое семејство што сака да живее и да се дружи на отворено во природата.