Блескајте на матурската ноќ, изразете ја својата индивидуалност и танцувајте безгрижно до зори! 

Средношколките денови ги паметиме како најубави и највесели. Ова е период кога една млада девојка расте, се развива и ја осознава важноста за грижа на своето здравје, тело, коса и кожа. Дружбите со пријателите, разговорите на училишните клупи, па и првите симпатии се исто така значаен дел од оваа средношколска авантура. А, матурската вечер посакуваме да биде круна на средношколските денови и посебен ден кога секој матурант би сакал да ги истакне младешкиот изглед, убавината и личната уникатност.  

bleskajte-na-maturskata-nokj-izrazete-ja-svojata-individualnost-i-tancuvajte-bezgrizhno-do-zori-01.jpg

Токму затоа, во периодот на подготовки, во потрага сме по производи со лесни формули, природни состојки и модерни нијанси што на секоја девојка ќе ѝ овозможат да зрачи со свежина, сјај и самодоверба. Истражувањето во однос на тоа што ни треба и што ни одговара на нашите индивидуални потреби нè однесе во dm дрогериите, каде што може да се најдат квалитетни и ценовно прифатливи колекции за нега и убавина за младите матурантки. Подготовката може да започне со серумот за хидратација на Balea Hyaluron Eye & Lip, а потоа следува прајмерот и течната пудра на trend !t up. Тука ја вклучуваме и палетата за контурирање и хајлатери на Alverde Naturkozmetik, која ги истакнува блескавиот тен, нежноста и младешката убавина. Целта е да имаме убава и впечатлива шминка, но и хидрирана кожа на лицето! 

Сјајот во очите е карактеристичен за секоја млада девојка, а за дополнителен ефект, колоритната палета на сенки и маскара на Make up revolution може да биде одличен избор. За стилизирани и полни усни, достапни се долготрајните и сјајни кармини од асортиманот на trend !t up. Освен шминката, важен е и совршениот маникир! Наш предлог се светкави и лакови со металик боја од колекцијата s-he. Кога станува збор за стајлингот на косата, со производите на Balea Professional вашата фризура ќе биде цврста и сјајна во текот на целата вечер. 

Со долготрајна шминка, цврста фризура и широка насмевка, матурската вечер сигурно ќе остане во вашите сеќавања. Бидете сигурни во себе, изразете ја својата индивидуалност и танцувајте безгрижно до зори!  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg