„Полесно не може да биде“ - нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги

Со новата кампања за отворање сметка преку дигитална идентификација со OneID, ПроКредит Банка нуди уникатна можност за сите нови клиенти – пакет на банкарски услуги без надоместок за одржување во првите 12 месеци, со вклучена платежна сметка, флекси штедна сметка електронско и мобилно банкарство со можност за трансфери, неограничени трансфери кон сопствени сметки и други сметки во банката и дебитна картичка.

polesno-ne-mozhe-da-bide-nova-ponuda-od-prokredit-banka-za-novi-korisnici-so-12-meseci-besplaten-paket-na-bankarski-uslugi-01.jpg

Од банката велат дека оваа понуда е создадена следејќи ги потребите на современите клиенти кои преферираат брзи, транспарентни и сигурни дигитални банкарски услуги, ставени во еден пакет.

„Како дигитална банка која активно соработува со модерните професионалци со брзо и активно темпо на функционирање, свесни сме колку им е важно да добијат решенија кои се брзо достапни, ефикасни и без изненадувања.

Истовремено, клиентите имаат потреба од јасни и едностави услуги, па токму затоа и нашата понуда е многу едноставна – нудиме пакети кои со една месечна претплата ги обезбедуваат секојдневните банкарски услуги кои ги користат граѓаните. Кога станува збор за банкарски услуги, овој пристап на ПроКредит банка е уникатен на нашиот пазар.

За да го увидат бенефитот од оваа форма на соработка со банка, во промотивниот период нудиме 12 месеци беплатен Основен пакет за сите нови клиенти“ - објаснуваат од ПроКредит Банка. 

Понудата важи за сите нови корисници кои ќе отворат сметка дигитално, преку дигитална идентификација со OneID, до 15 јуни 2025 година и ги вклучува сите услуги од Основниот пакет за физички лица, целосно бесплатно во тек на една година.

Целиот процес на апликација, идентификација и потпишување на договорот се одвива дигитално, без посета на филијала. Апликацијата OneID може да се преземе бесплатно, а креирањето на дигитален идентитет е брзо и безбедно.

За аплицирање и дополнителни информации посетете ја официјалната веб страница на ПроКредит Банка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg