Учесниците на вториот модул на ПроКредит Бизнис академијата се стекнаа со нови знаења за комуникациски вештини и „growth mindset“

Успешно заврши вториот модул од ПроКредит бизнис академијата – едукативната програма наменета за развој на микро и малите бизниси преку споделено знаење, вмрежување и практична работа. Академијата се реализира од страна на ПроКредит Банка во партнерство со Alphabet Group, регионална консултантска компанија со докажано искуство во поддршка на малите бизниси.

uchesnicite-na-vtoriot-modul-na-prokredit-biznis-akademijata-se-steknaa-so-novi-znaenja-za-komunikaciski-veshtini-i-growth-mindset-01.jpg

Темата на овој модул беше „Комуникациски вештини и менталитет на раст (growth mindset)“, а обуката ја водеше Лариса Шпурен Шариќ, искусен професионалец за човечки ресурси со меѓународна експертиза и повеќе од 15 години искуство во создавање култура на високи перформанси во различни индустрии.

Во периодот од 14 до 16 мај, учесниците - претприемачи од различни сектори, имаа можност да навлезат подлабоко во темата на ефективната комуникација – не само како техничка вештина, туку како став и пристап кон личниот и професионалниот развој. Преку интерактивни вежби, студии на случај и практични алатки, учеа како да препознаат и надминат комуникациски бариери, како да слушаат активно, да го разберат говорот на телото и да изградат комуникација базирана на доверба и асертивност.

„Кога сакате вашиот бизнис да расте, две работи се клучни – како комуницирате и како размислувате. Добрата комуникација значи помалку недоразбирања, подобри односи и појасни цели, без разлика дали работите со клиенти, со вашиот тим или со партнери. А growth mindset е начин на размислување што ве турка напред, ве мотивира да учите од грешките и да не се плашите од промени – тоа е она што ја прави разликата помеѓу оние кои стагнираат и оние кои напредуваат. Кога ќе ги комбинирате овие две вештини, ја создавате основата за долгорочен успешен бизнис,“ истакна Лариса Шпурен Шариќ.

„ПроКредит бизнис академијата е долгорочна инвестиција во претприемачите што ја движат нашата економија. Среќни сме што времето, знаењето и енергијата што ги вложуваме се препознаени од учесниците од коишто континуирано добиваме позитивен фидбек,“ велат од ПроКредит Банка.

Првата генерација учесници на оваа академија до октомври ќе помине уште три модули преку кои ќе се стекне со знаења и практични вештини во областите финансиски концепти, дигитална трансформација и продажни концепти за мали бизниси, во просториите на Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на програмата, учесниците ќе добијат сертификати за успешно завршена едукација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg